Friends

Sunday, 3 November 2013

Midi dress

Hello!
I love burgundy and midi length. This is my favorite dress.

Миди должината моментално е голем хит. Без разлика дали станува збор за класично, тесно здолниште или пак широк модел.
Мене ми се допаѓа и во двете варијанти, но сепак широката има предност.
Овој пат борд фустан со црни детали. Ви се допаѓа?
Ви посакувам убав почеток на неделата =)









Wednesday, 24 July 2013

Red dress

White collar and red dress is perfect combination for me.

Многу одамна посакував фустан ваков крој во оваа боја. Се жалев во некој од претходните постови за наоѓањето на вистинскиот број на фустан за мене, па прошетав за материјал и ми сошија еден по моја мера.

Вчера се дружевме дел од модните блогери благодарение на организацијата на FASHIONEL. Повеќе за дружењето можете да прочитате на следниов линк Средба.

Еве како го искомбинирав фустанот.









                                                                   Aleksandra and Sanja

Saturday, 6 July 2013

colar dress

This dress is old, but is my favorite. I love this color.

Фустанчево го обожавам, бојата е необична, моделот е убав, може да се носи вака прав, може да се потенцира струкот со каиш. Бојата дозволува играње со други бои, ако сакате едноставен изглед не е потребен накит затоа што е самиот украсен горе.
Јас лани го носев со каиш, но оваа година кога го ставив каишот некако ми се виде краток фустанот, па се ослучив да го тргнам и да го носам вака.

Имајте убав викенд. =)






Saturday, 29 June 2013

Pink dress

Hello!
This is my perfect dress for day and night. I hope you like it.

Веќе некое време низ градов барам фустани кои ќе можам да ги носам и преку ден и навечер, некои кои убаво ќе и стојат на мојата фигура и во кои ќе се чувствувам убаво. За жал прошетав добар дел од продавниците и не најдов ништо што ми се допадна. Не знам зошто ги прават стандард големина кога не сме сите стандард. Убаво е секој модел да си има бројчиња затоа то не сме сите исти. Освен што имав проблем со големината имав проблем и со материјалите. Не ми се допадна ништо или беа многу проѕирни (заборавиле постава да стават) или беа со некои чипки кои не се за постојано освен за некое вечерно излегување, беа прекраки, прешироки, чуден склоп на бои итн итн.
Долго време ги гњавам луѓето околу мене со оваа тема.
И тогаш се појави тој, љубов на прв поглед :D
Сакам бои, сакам вакви модели, можам да го носам на се...


Ако имате видено фустани во сличен модел, а ме е стандард големина ќе ви бидам благодарна ако ме информирате.

Имајте убав викенд. =)















Saturday, 15 June 2013

Orange and green

My favorite colors for spring and summer is orange and green. I hope you like this outfit.

Портокалова и зелена се моите омилени бои за периодов. Одлично се комбинираат со речиси сите бои, а и една со друга. Во овој пост ги комбинирав заедно.
Новата веќе омилена чанта и овие чевли кои ги имам со години, но до пред недела не знам дали два пати беа носени.

Имајте убав викенд =)





Wednesday, 5 June 2013

Face care routine

Мојата кожа е прилично неблагодарна за негата што ја добива, но за тоа како изгледа се заслужни и гените.
Убавината на мрсната кожа е најверојатно долгото задржување на младешкиот изглед, но со тоа доаѓаат и еден куп негативности, постојано сјаење на кожата, неможност да се задржи шминка подолго време и се разбира - АКНИ.

Кога почна пубертетот почнаа и мозолчињата, кои што беа најверојатно нормални за тој период. Но, за жал иако периодот помина, мојата кожа не се согласува со тоа.

Имам користено се и сешто, од ефтини производи, до малку поскапи. Да, за мене поскапи беа производите на Еуцерин. Мојата кожа очигледно си сака неекономична нега.

Од пред некое време почнав да користам прозиводи на Avene и на La Roche - Posay.


Лицето ми е препородено, делува свежо, здраво и негувано. Не можам да кажам дека ми е чисто од мозолките, но секој ден се се помалку. За чисто лице, особено кога има многу акни, кога е мрсно треба трпение и упорност.

*La Roche - Posay, Effaclar - гел за миење на лице. За жал ги нема во Скопје, или јас не  успеав да ги најдам. Мене ми го донесоа од Белград и чинел околу 10 евра, 200 ml.
Гелов е одличен, убаво го чисти лицето, го суши, но не го перути, што ми се допаѓа. Не остава воошто нечистотии, ја чисти одлично и пудрата, пешкирот е баш чист. Го смирува лицето, го намалува црвенилото. Јас го користам наутро и навечер, можеби за некој е  многу, но тоа најмногу и одговара на мојата кожа.

*Avene, Cleanance Gel, чини околу 800 денари, 200 ml. Овој гел е малку појак од претходниов. Бидејќи ги имам двата, овој го користам кога се туширам за чистење на грбот. Многу ми е посмирен грбот, акните се понамалени.
(Подеднаков проблем имам и на лицето и на грбот со акни и митесери.)
Многу мала количина од гелов е потребна за миење на лице, грб. Кога го користев за лице, од маскарата не остануваше воопшто црно, што е голем плус. Јас не сакам кога морам да ја бришам шминката на очите со други производи. Морам да спомнам дека кога го користев за лице, го искомбинирав со пилингот на Еуцерин и лицето едвај го смирив. Ако сакате да го користите за лице, што всушност и му е намената, куристете некој поблаг пилинг.


*Avene, Cleanance emulsion, одлично е. Ја прави нежна кожата, го смирува црвенилото, ги намалува акните.  Ги намалува порите, па и одлична подлога е за пудра.  Чини околу 800 денари.
Ја ставам после миење на лицето наутро, навечер најчесто не, освен ако видам дека има потреба.

*И за крај, пред два, три дена ја купив термалната вода на Avene. 300 ml чинат 580 денари во Зегин.
Го освежува лицето, намалува црвенила. Рецензии што прочитав за неа е дека може да се користи за изгореници, после депилирање. Значи одлична е за чувствителна кожа.
Утрово од кога го измив лицево, се напрскав со термалнава вода и не ставив крема. Ми рекоа дека лицето ми делува многу свежо.

Иако ми се чинеа многу скапи призводиве, кога го гледам лицево во огледало, па и на допир можам да кажам дека ми е драго што сепак одлучив да инвестирам во малку поскапи производи, затоа што кожата е навистина многу важна.


Мојата кожа моментално изгледа како на втората слика. Оваа страна е повеќе нафрлана од другата, па затоа се одлучив неа да ви ја покажам.
Првата слика е  мојата кожа пред неколку месеци, во тој период користев пилинг и тоник на Еуцерин. Кратена е од друга слика, па затоа има рамка, извинете.
                                                  
                                                                             Претходно

                                                                                Сега



Sunday, 2 June 2013

two photos

Spring is perfect time for green and yellow color. I like this blazer and this shorts. Hope you like this outfit.

Времево деновиве е многу променливо, сонце, дожд, ветер, сонце...
Синоќа сакав да се фотографирам надвор, но за жал врнеше. Сакав да ги избегнувам овие фотографирања дома, но сакав да ви ја покажам комбинацијава.
Од шминка повторно само кармин, во некоја чудна портокалова боја, но за жал ме прави многу бледа. Морам да го извадам од чанта.





Wednesday, 29 May 2013

Lady in red

I'm short girl but i still love to wear long skirts and dresses. Red skirt, blue heels and white shirt is my choice for today.

Црвената боја е една од моите омилени (веќе познато :D ). Трендов со макси здолништата го прифатив со големо задоволство, па нормално е да поседувам и црвено здолниште. Иако поседувам од мајка ми плисирано црвено, сепак се одлулучив да имам уште едно во мојот плакар.
Веќе сте го виделе, но знаете и дека сакам парчињата да ги комбинирам на повеќе начини и во што повеќе комбинации.
Овој пат се одлучив да го искомбинирам со бела кошула и сини детали. Овие чевли ми се омилени, до сега не сум ги постирала, но толку се удобни што ги носам речиси секој втор ден.
Се обидов на фотографиите да доловам се, погледнете  =)