Friends

Sunday, 19 May 2013

colar shoes

Одамна ме немало со нова комбинација, но некако немав желба за фотографирање. Имав проблеми со лицето, премногу беше нафрлано, па избегнував шминка. За среќа малку се потсмири, но пудрата ќе стои на страна уште долго време.
Овој пат од шминка имам само туш, маскара и кармин.
Гардеробата се гледа целосно. Не ги сакам многу овие спојување на бои на чевли и чанта/сако, но пред некое време сестра ми носеше слична комбинација, па овој пат ми послужи како инспирација.

Имајте убава неделна вечер :*





Sunday, 5 May 2013

New sunglasses

Пред некоја недела си купив нови очила за сонце кои се многу слични на овие што ги носам на фотографиве. Но, кога си дојдов забележав дека се малку изгребани, па не бев сигурна колку ќе ги носам.
По некој ден момакот ме изненади со овие од фотографииве. Ме израдува многу затоа што навистина посакував ваков модел на очила.

Маичкава е асиметрична, многу удобна и пријатна за носење. Шорц кој го обожавам, а во моментов и единствен кој можам да го носам.

Имате убави празнични денови. Христос восресе!





Wednesday, 24 April 2013

casual outfit with long blue skirt

Долгите здолништа ми се омилено парче за оваа сезона. Без разлика дали со сако, тексас јакна, балетанки или штикли секогаш изгледаат убаво и женствено.
Оваа сина боја многу ми се допаѓа, па поради неа се одлучив да го купам ова здолниште. Бидејќи е со тул не бев сигурна како да го комбинирам, но мислам дека ќе успеам од него да го извадам максимумот.

Се надевам ви се допаѓа =)









Tuesday, 23 April 2013

Day and night

Многу често се случува во еден ден да мора да отидеме на две различни места за кои ни е потребен поинаков изглед.
Мене ми се случува често да имам само 10 минути за да се вратам и излезам повторно, а да не знам што попрво да направам во недостиг на време.
Затоа најчесто времето го користам да се освежам, да поправам малку шминка, а промена на гардеробата правам така што ги менувам чевлите.

Вчера немав време ниту да се вратам дома, па затоа ја искористив оваа чанта во која можев да ставам се што ми беше потребно.

Како вие се справувате со недостиг на време?


                                                                                Day





                                                                             Night









Saturday, 20 April 2013

orange lipstick

Веќе видено се, но нели неколку исти парчиња заедно, но со малку поинакви детали можат да дадат еден освежен изглед.
Зеленото сако повторно во комбинација, но сега како освежување на црно-белата комбинација.

Имајте убав викенд =)




Wednesday, 17 April 2013

Yellow necklace

Се зголеми бројот на сакоа, им се приклучи и зелено.
На обична комбинација без многу вриштечки бои, одбрав само жолт ѓердан и златен прстен.
Ноктите во некоја неонска жолта која не се познава многу на фотографиите и еден нокт црн со светки.


Имајте убав ден =)











Tuesday, 16 April 2013

orange blazer and green shoes

Многу сакам сакоа, но имам само неколку во основни бои црно, бело, крем и црвено... Сакав за сезонава да додадам во мојот орман уште неколку во портокалова, зелена, сина боја, тегет, а  можеби и едно на линии. Буџетот за едно сако го определив на 1500 денари и се надевав дека ќе пронајдам некое со добар квалитет за тие пари.
Минатава недела со една другарка шетавме низ ГТЦ и на излогот на еден бутик забележав преубаво зелено сако. Влеговме, но кога ја видов бојата на сако што го земав јас, зеленото го оставив за некој нареден пат.
Можеби да имав повеќе парички ќе ги земев и двете, но се задоволив со ова, лажам презадоволна сум од ова :D

Комбинацијава ми е од пред два дена, сакав надвор да се фотографирам, но откажаа батериите на апаратот. Имав среќа да ја начекам сестра ми расположена кога се вратив, па направивме неколку фотографии.
Сакав на црно-белата комбинација да додадам две бои, па покрај сакото се одлучив и за овие зеленкасти чевли.
Од накит имам сребренкасто ланче и две прстенчиња.