Friends

Tuesday, 8 September 2015

Eveline art scenic силиконска подлога

Здраво!

Подлога за шминка не сум користела никогаш. Дел од мојата секојдневна рутина како подлога под пудра ми е секогаш крема за лице и никогаш не сум ни помислувала дека треба да вметнам уште еден производ. 

Сепак сакав да пробам некоја подлога, а по разговор со една девојка се одлучив за оваа на Eveline. 


 Подлогата доаѓа во картонска кутија која е обложена со фолија. Мене тоа многу ми се допаѓа кај производите и секогаш имаат еден плус уште во старт. Кутијата е во златна боја и со големи црни букви пишува кој е производот и која му е намената.  


 Самата подлога е сместена во мека туба во црна боја, со капаче на навртување. На тубата со златни букви ги има најпотребните информации за производот. Ова е особено добро за оние како мене што немаат навика да чуваат кутии од производи. Подлогата има 30 мл. кои треба да се потрошат за две години од отварањето. Цената е нешто помалку од 300 ценари и можете да ја најдете во нивната продавница, на други места не сум ја забележала.

 Покрај заштитната фолија на кутијата и на самата туба има фолија. 

 Самиот производ е проѕирен со геласта и густа структура.  Поради структурата потребно е повеќе време за рамномерно да се нанесе на цело лице.  Има интензивен мирис кој мене лично ми пречи, но за кратко време се губи. 


Има два типа од оваа подлога. Едната е за сува и чувствителна кожа, а другата е за комбинирана и масна кожа. Јас ја имам втората која ветува мат ефект дури 16 часа.  Искрено не верувам дека има производ кој може да ја држи мат кожата 16 часа, па  ниту овој производ го прави тоа. 

Подлогава ја користам на два начина. Првиот е: крема за лице, подлогава и потоа коректор на критичните места. Вториот е: крема за лице, подлогава, пудра за лице, пудра во прав. Искрено јас сум многу позадоволна од првиот начин, иако во вториот користам и пудра во прав. Тогаш кожата ми е подолго време мат, не блеснувам речиси цел ден, отприлика 8,9 часа кожата ми изгледа пристојно. Со пудра мат сум 6,7 часа, што не е малку време, но користам мат пудри и пудра во прав.

Искрено јас не гледам потреба од користење на ваков производ особено не во секојдневна рутина. Мојата кожа е масна и мислат дека секој дополнителен производ може само да ја гуши повеќе. 

Мојата оцена за овој производ не знам колку може да ви помогне бидејќи е прва подлога која ја користам, не можам да споредам со друга. Сепак би ја оценила со 7/10, поради одличниот изглед кој го добивам кога сум без пудра, а со оваа подлога.

За жал не можев да направам фотографии од пред и потоа со подлогава.


3 comments:

  1. I jas bi ja kupila samo za da ne koristam kamena pudra, neznam zosto mi izgleda kako eptem da mi gi zatvora porite. Inaku podolgava mi izgleda bash dobro i bi ja probala osobeno zatoa sto i cenata e super. :)

    ReplyDelete
  2. Делува како одличен производ, и јас не користам подлога, но после твојата препорака ке пробам :)

    http://corleonka.blogspot.mk/

    ReplyDelete
  3. Јас ја користам моментално и презадоволна сум од неа.

    ReplyDelete