Седнувањето пред огледало и одбирање на соодветна шминка за одреден момент е навистина тешко, често пати неодлучно.
Во пресрет на Св. Валентајн се одлучив да ви предложам малку поинаков изглед од очекуваниот женствен изглед со црвен или розев кармин.
Сини усни? Погледнете кои прозиводи ги користев за овој изглед.
База за пудра до сега имам користено од еден или два бренда и бев задоволна иако ретко ја користам затоа што ми е дополнителен чекор во шминкањето. Кога сакам подолго да ми издржи шминката посегнувам по неа. Овој пат ја користев базата на AURA. Одлично пакување, практично за користење, а и одличен производ. Наскоро рецензија за овој производ, сега за сега можам да кажам дека сум навистина задоволна како изгледа моето лице со базава.
Полните образи прават секогаш да посегнам по бронзер. Овој бронзер има одлична пигментација и лесно се бленда.
За малку сјај на моето лице го употребив овој бронзер со мал сјај во него, Нема голема пигментација па не можете да претерате со него.
Не излегувам од дома додека не ги пополнам веѓите. Ги пополнувам со различни производи, моливче, сенка во прав, сенка. Овој пат го користев дуото за пополнување на веѓи од AURA. Многу лесно се работи со производов, пигментираноста е одлична, а формулата е многу мека.Освен за веѓи овој производ го користев и за очите, наскоро целосна рецензија и за него.
Производот за кој бев највозбудена да го пробам е карминот во нијансата 772 Lost in space. Карминот има навистина невообичаена боја па не очекував голема пигментираност, но се излажав. Пигментираноста е одлична, со еден слој се постигнува еднаква боја на целата уста. Карминот не е мат, но не е ни сјаен, па со тоа не ги суши усните. Наскоро рецензија и за него. Едвај чекам да пробам да го мешам и со други бои за постигнување на различни нијанси.
Дали ќе му се допаднам? :)
Леле предобар е карминот! И многу убаво ти стои :)
ReplyDeletewww.studsandsilvermemories.com