Friends

Saturday, 15 August 2015

AURA absolute matte, моите омилени нијанси изминативе месеци

Здраво!

Бидејќи Aura веќе има нови нијанси од овие кармини сакав да ви ги покажам моите омилени за изминативе месеци.
Веќе пишував за еден од овие кармини,  постот можете да го погледнете тука ако не сте го погледнале до сега.
Имам многу кармини, но најчесто посегнувам по овие, боите се прекрасни, траат прилично, а и ми се допаѓа мат изгледот кој го даваат.


 Цената на карминиве зависи од продажното место, а варира од 240 денари до 290 денари. Секоја амбалажа е заштитена и можете да бидете сигурни дека никој не отварал пред вас. Добивате 7 мл. производ кој треба да се потроши во рок од 24 месеци од отварањето.

 Нијансите кои јас ги имам се: 602 Ring a bell, 603 Sooner or later и 604 Boy oh boy.


 602 Ring a bell е преубава nude розевкаста боја. Има фина пигментација, но сепак со еден слој не може да се добие вистинската нијанса, потребни се два слоја.

 603 Sooner or later е мојата омилена боја. Секогаш кога ја имам оваа боја на себе добивам комплименти и ме прашуваат која е бојата. Иако насекаде ја опишуваат како црвена за мене ова е баш цигла боја. Има одлична пигментација и еден слој е доволен.

604 Boy oh boy е многу тешка боја за носење. Светла црвено - портокалова боја, со одлична пигментација.

На фотографииве нијансите не се целосно реално прикажани, ниту пак можете да ја доловите мат завршницата која ја даваат, но светлото не беше на моја страна.
Карминиве се трајни, може да се пие со нив, но со храната не се најдобри пријатели. Не оставаат траги ако бакнете некого во образ, но не би ви препорачала да ги бакнувате момците :D

Кои нијанси вие ги имате? 

1 comment:

  1. Predobar post, prviot karmin moram da go imam preubav e <3

    ReplyDelete