Friends

Wednesday, 6 May 2015

Aura absolute matte

Здраво!


Веќе знаете дека сум опседната со козметиката на Аура, па и овој пост е посветен на нив. Од кога на мојата драга пријателка блогерка Алмира, чиј блог можете да го погледнете ТУКА, го видов карминов, морав да го имам. Неа и стоеше преубаво, а и ми кажа дека е многу задоволна од него.
Во Зегин, кога го купував карминот за кого пишував пред некој ден, ги видов и овие кармини. Има преубав избор на нијанси, но се фатив за овој бидејќи некако најмногу крена прашина. 
Во Зегин цената беше 240 денари, во ДМ околу 280 денари, а добивате 7 мл. производ.



 Паковањето доаѓа со заштитна фолија, па можете да бидете сигурни дека никој пред вас не го отварал. 

Нијансата која јас ја имам е 612, една од виолетовите бои во оваа линија. Секоја боја си има покрај бројот и име, а името на овој е matte mess.

Паковањето е како вообичаено што се сјаевите за усни. Има апликатор кој не е прецизен, но со малку труд може да се нанесе фино, без да изгледате како без огледало да сте го нанесувале.  На апликаторот останува производ доволно за да се нанесе еден слој. Може да се нанесуваат повеќе слоеви без да изгледа натрупано, а мене лично со 3 ми е идеална нијанса.

 Карминов кога ќе се нанесе не е мат, но после 2,3 минути од кога ќе се исуши завршницата му е баш мат. Не ги суши дополнително усните, но ги истакнува сувите делови и сите нерамнини. Трајноста не е многу голема, со пиење издржува цел ден, но ако јадете веднаш треба да се поправи. 

Се извинувам за фотографијава, освен малку маскара немам ништо ставено од шминка, но може приближно да се долови бојата. Имам само еден слој од карминот.



Кога сакам убаво да ја оцртам устата тогаш го користам на Golden Rose моливот во нијанса 207, кој одлично оди со карминов.


Од мене карминов има 8/10, само затоа што не го издржува јадењето.
Но поради убавиот избор на бои, би купила повторно друга нијанса.

Сте ги пробале? Која нијанса ја имате вие?

4 comments:

  1. Odlicno ti stoi bojava! :)💋
    I bas ubavo sto vo Zegin se poeftini,od sega tamu ke se upatam za nekoja nova nijansa.
    <3

    ReplyDelete
  2. Многу убаво ти стои оваа нијанса :)

    Sanja's Burgundy Blog
    Sanja's Burgundy Blog on Facebook

    ReplyDelete
  3. gi obozavam ovie karmincinja, i opsto proizvodite na Aura


    donnaoctober.blogspot.com
    https://instagram.com/donnaoctober/

    ReplyDelete
  4. Прекрасно ти стои, би ја пробала и јас оваа нијанса :)

    http://corleonka.blogspot.com/

    ReplyDelete