Friends

Tuesday, 27 January 2015

Aura Cover Me!

Новитет на нашиот пазар и во производите на Aura. Aura се почесто ме изненадува со квалитетот и пристапните цени на нивните производи. Иако порано речиси и да не погледнував накај нивните штандови, после едно руменило се почесто застанувам да видам што има ново.
За овие пудри читав на блоговите од нашите соседи и коментарите беа позитивни. Кога стигна пудрата и кај нас веднаш отидов да ја купам. 
Морам да признаам дека долго време се мислев дали да напишам рецензија за оваа пудра затоа што првичниот впечаток беше прилично лош.
Иако нијансата ми е промашена, сепак се почесто ја носам, а за покривање на тоа колку ми двои од тенот одлично ми служат марамите. :D




На нивната официјална страна пишува :
Za savršeno prekrivanje svih nedostataka na vašem licu

Hipoalergena formula koja odlično prekriva sve nepravilnosti kože uključujući tamne kolutove oko očiju, akne, pege, staračke pege, sitne ožiljke...
vodootporna formulacija, postojana do 24h! Sadrži zaštitni faktor 20 i predstavlja odličnu zaštitnu od štetnog sunčevog zračenja. Kremasta formulacija omogućava laku i ravnomernu aplikaciju za postizanje savrsenog tena. Ne zatvara pore! Za sve tipove kože. Pogodan za svakodnevnu upotrebu.
  • Vodootporan
  • Postojan do 24h
  • Ne zatvara pore
  • Hipoalergen
  • SPF 20





Кога прв пат ја купив пудрава кожата ми беше пресушена и со многу изразени суви делови. Нанесувањето на пудрата воопшто не беше лесно, а и потоа изгледот кој го добив многу ме разочара. Изразени делови, собрана на неколку места, се познаваа прсти т.е не се размачка убаво, изгледаше многу валкано.
Мислев ако ставам повторно крема над неа дека можеби поубаво ќе успеам да ја размачкам, но залудно, пудрата веќе беше "легната" на кожата, а и бидејќи е водоотпорна беше незвоможно да се поправи.

По неколку дена го купив серумот на Балеа за кој имам пишувано тука, па повторно и дадов шанса на пудрава.
Нанесувањето беше одлично, се размачка убаво, не се познаваа линии, не изгледаше валкано, не истакнуваше суви делови. 
Нанесувањето со четка е уште поубаво, поеднакво и лесно се бленда.
За пудрава е потребна добра подлога и не би се согласила со Aura дека е за сите типови на кожа. Пудрава е исклучиво за мрсна кожа, а за комбинирана со добра подлога.

Дали е постојана? Не би се согласила, по неколку часа се собира на одредени делови, значи не исчезнува од лицето, туку се собира. (После неколку часа, мијам раце и повторно ја размачкувам.) Многу ги истакнува линиите околу усните и носот, а и ако имате некоја брчка после неколку часа изгледа прилично длабока и многу поизразена.
Остава траги на гардероба и на мобилен, па мислев дека лесно ќе се отстранува. Но, погрешив пудрава е водоотпорна и тешко се мие. 



За поубаво да ја видите покривноста направив фотографии со пред и потоа. Лицето периодов ми е прилично лошо, но е одлично за да може да се види добро покривноста на пудрава.



Дали би ја препорачала пудра? Искрено не сум сигурна. Дава убава покривност, но премногу се познава, а и на лицето не издржува рамномерно повеќе од 3,4 часа без да ја поправите. Цената и е околу 400 денари. 
Оценка од мене 7/10.







јја

5 comments:

  1. Правиш одлични рецензии! Ти ги обожавам ваквите постови :)

    Sanja's Burgundy Blog
    Sanja's Burgundy Blog on Facebook

    ReplyDelete
  2. Dobro sto ja procitav recenzijava deka e za mrsna koza, bash sakav da ja kupam posle tolku pofalbi, i jas isto kako Sanja ti gi obozavam vakvite postovi! :)

    ReplyDelete
  3. Obozavam vakvi postovi, posebno sega koga ima nekoj da pisuva za kozmetickite proizvodi koi se nudat na nasiot pazar. Prodolzi vaka, ti posakuvam se najdobro! Pozdrav

    ReplyDelete
  4. Super post :) Iskreno mi se dopagja sto postot se odlicen a sepak se raboti za proizvot koj site mozeme da si go dozvolime :)
    Mojot prv post http://majaslookbook.blogspot.com/

    ReplyDelete
  5. Ja imam pudrava i sum zadovolna.Ja koristam za navecer pidejki e cover me stanuva za teska pudra za preku den polesna sakam.I sakam da se priklucam na postovive imam nekoi na srpski recenzii no mislam deka se uzasni.

    ReplyDelete