Friends

Tuesday, 23 December 2014

Balea Fluid

Секогаш кога разгледувам низ рафтовите во ДМ, сум прилично љубопитна какви се нивните производи, особено оние на Балеа и на Алверде.
Овој флуид го забележав пред некое време и бидејќи пишува дека е за сите типови на кожа, посакав да го пробам затоа што кожата ми е мрсна, но дехидринана, на моменти па пресува.


Ова е хидратантен гел, кој во себе содржи витамин Е и провитамин Б5, како и екстракт од малина. Мириса прекрасно, навистина мирисот е како малина, без никакви други мириси, а и мирисот долго се чувствува на лице.

Пакувањето е бела бледа боја, од која може да се гледа внатрешноста на производот, количината и бојата. Гелот е во бледа розева боја.
Многу ми се допаѓа што има пумпица, па со едно стискање на пумпицата се добива доволна количина на производ за лице и врат.



Гелот лесно се нанесува на лице, лесно се размачкува, но тешко се впива. Потребно му е време за да се впие во кожата, некои 10 до 15 минути. За тоа време се чувствува леплив слој на кожата, но кога ќе се впие воопшто не се чувствува и лепливоста ја снемува.


На мојата кожа до сега реагираше позитивно. Не се нафрлав од него, добив изедначување на тенот, кога ќе го нанесам порите не ми се познаваат како вообичаено.

Го пробав и под пудра, бидејќи имам една која многу тешко се нанесува и се познаваат како лушпи кога ќе ја нанесам, па бев прилично незадоволна од неа.
Од кога ја пробав со гелов е одлична, не се лизга од лице, иако очекував дека ќе се лизга. Не знам како но не ми остава траги на телефон, што за мене  е голем плус.

Особено ми се допаѓа кај производов што на него има датум на траење, па за оние кои чуваат кутивчиња од производи е одлично, а и за мене, бидејќи немам навика да чувам кутии.
Овој пат ја зачував само заради постов.
Содржи 50 мл. производ и чини околу 150 денари.


Од мене производов има 10/10.

2 comments:

  1. ova e sledno sto ke kupam - mi treba vakvo nesto

    ReplyDelete
  2. Интересно делува производов, мора да се проба :D
    И јас често заглавувам кај производите на ДМ, но понекогаш многу избор е лоша работа, па многу често се откажувам од бирање.
    Најубаво вака со препорака, фала Марина :)

    ReplyDelete