Avene термална изворска вода

Здраво!

Се надевам имавте убав и пријатен викенд. Мојот беше прилично забавен и исполнет со луѓе.
Кога сум излезена од дома подолго време потребни ми се во чантата неколку производи кои би ми го олесниле денот. Па така палома, влажни марамици, мастики :D ми се задолжителни во чанта постојано, но кога е топло додавам уште еден производ во чантата.
Забележав дека најчесто термалнава вода ја користам кога е топло бидејќи ми треба освежување на кожата, а поради шминката не сакам да се плискам во вода.




 Вообичаено со мене го имам најголемото пакување кое чини околу 600 денари, но имате шише од 150 мл кое чини 450 денари и ова најмалото од 50 мл. кое не знам колку чини јас го добив. А и најсимпатично е за фотографирање.

 Avene  имаат многу едноставна амбалажа на производите, сите се бели со портокалови букви. Исклучок е само колекцијата за заштита од сонце која е портокалова и има бели букви. 
Термалната вода доаѓа во боца, со платично капаче. Обложена е со заштитна фолија  и на неа има декларација и упатство за користење. 

 Што велат Avene за овој производ?
Индикации: Есенцијалана смирувачка нега за осетлива кожа. Смирувачко дејство:
·Изгоретини од сонцето
·Различни видови иритации
·Исеченици од жилет.
Поткрепувачко, освежувачко дејство: 
·Како завршна фаза во чистењето
·После надворешни активности
·Во летниот период
·При патување.
Својства: Единствениот и постојан состав на оваа изворска вода и ги овозможува нејзините смирувачки и антииритирачки својства, што е потврдено од бројни научни студии. Avène термалната изворска вода, се користи како активен третман за различни кожни проблеми во Avène Дерматолошката бања. Тестиран од дерматолози, особено е погоден за есенцијална нега на осетлива, хиперсензитивна или алергична кожа.
Упатство за употреба: Се распрскува на кожата, а по неколку секунди нежно се брише.

Јас оваа вода ја користам после миење на лицето, пред нанесување на шминка, кога сум излезена да го освежам лицето, ако изгорам, ако се исечам, после депилирање.
Иако тие велат да ја избришеме јас не ја бришам туку оставам да се впие во кожата, мене така најмногу ми одговара. Ја бришам само ако сум некаде, не носам доволно производи за отстранување на шминката па да бидам сигурна дека не останало многу на лицето.


Ова е одличен производ особено на лето. Малово паковање е многу практично за во чанта, иако јас си го носам и најголемото во чанта :D


Оцена 10/10 


Дали сте ја пробале или ја користите? 

Comments

  1. Не сум ја пробала ама ова ќе +1 на мојата шопинг листа

    http://infinitechamberofmakeup.blogspot.com/

    ReplyDelete
  2. Го немам пробано ама дефинитивно ќе го пробам. Каде може да се купи?

    http://corleonka.blogspot.com/

    ReplyDelete

Post a Comment