Skip to main content
Alverde масло од дива роза
Здраво!
Ме нема некое време со нов пост, а имам многу производи кои едвај чекам да ви ги покажам. Се надевам наскоро ќе се вратам на распоредот кој го најавив пред некој период, па ќе се читаме поредовно.
Денес ви пишувам за мојот омилен производ во изминативе два месеци, иако кога го купував не бев сигурна дали воопшто ќе ми одговара.
Иако имам масно лице сакав во негата да вклучам и масло, бидејќи кожата ја чувствував дехидрирана, безживотна, а почна и да се перути. После многу прочитани рецензии кое масло би можело да и одговара на масната кожа се одлучив за ова.
Маслото од дива роза можете да го најдете само во ДМ, по цена од 255 денари, а до сега не сум го забележала на некаков попуст.
Алверде вели дека ова масло е наменето за сува кожа. Во себе покрај дивата роза содржи масло од јојоба, бадем, јадро од праска. Екстрактот од јаболка ја затегнува кожата. Го спречува предвременото стареење на кожата. Начин на користење: да се нанесат неколку капки на чиста и мокра кожа на лицето, вратот и деколтето и да се втрие во кожата.
Маслото доаѓа во мала, стаклена, мат боца со пипета. Пипетата е исто стаклена и има отвор кој мене лично многу ми одговара. Боцата содржи 15 мл. производ.
Маслото има малку појак мирис, но брзо се губи. Не е многу густо, но не е ни многу ретко. Не е на пример густо како рицинусовото.
Јас го користам секоја или секоја втора вечер. На влажна кожа втријувам околу 3,4 капки, отрпилика колку што има во пипетата на горната фотографија. Не ми ја масти дополнително кожата, напротив изгледа многу поубаво, посвежо, живо. Маслово го ставам и околу очите, а после него ставам крема за лице и за околу очи.
Ова е мало слатко шишенце кое за мојава кожа прави чуда. Ако имате масна кожа не мора да значи дека треба да ги избегнувате маслата, само треба да ги прилагодите според потребите на вашата кожа.
Мене ова масло, рицинусовото и кокосовото ми одговараат на кожата, не ми предизвикуваат акни, не ми го мастат дополнително лицето, само ги гледам благодетите кои ги даваат.
Оцена 10/10
Дали вие го користите? Дали воопшто користите масла и какви?
Go chitam postov i ostanav zachudena.., nemam jas nekoja posebno mrsna kozha, ama ete da recheme deka e kombinirana so pomasna T zona, koja e definitivno dehidrirana..nikogash ne sum pomislila da kupam maslo za lice, zatoa shto do sega bev ubedena deka kje mi gi zatvori porite i kje mi napravi ushte pogolem problem, ama sega definitivno kje razmislam da kupam..
ReplyDeletehttp://christinearabela.blogspot.com/
Супер, и јас ќе си го земам :) фала за рецензијава
ReplyDelete