Friends

Saturday, 2 May 2015

AURA final matte guess who 701

Здраво!


Вчера празнично не објавив пост, па затоа се одлучив за денес, да не чекаме до понеделник.
Козметиката на Аура се почесто ми го привлекува вниманието, а нивниот штанд е прв за разгледување кога сум во потрага по нешто ново. Одамна барам некој убав секојдневен кармин, кој е нешто помешу розева и месо боја. Карминот на Golden Rose velvet matte 10 е нешто приближно на тоа што го сакам, но не е лошо да се има уште некој во слична нијанса. Карминиве во ДМ ги гледам некое време, но некако 320 денари не ми се даваа :$ особено за нијанса која не сум сигурна како ќе ми прилега.
Пред некој ден влегов во Зегин и ги забележав карминиве, по цена од околу 260 денари. Ги разгледав повторно нијансите и нијансата Guess who која ја меркам одамна заврши во мои раце и усни :D


 Кармините се сместени во црвста, мат пластика која изгледа квалитетно. Преку карминот има залепено сигурносна лепенка на која го има и рокот на траење.
Карминот има 4,5 грама и чини од 260 денари до 320 денари зависи од местото. Оваа линија има 13 нијанси, а мене око ми фатија 4,5. 

 Кога се затвора карминот се слуша оној звук клик, кој за мене барем е доволно сигурен да знам дека нема да се отвори во чанта. 

 На долниот дел од карминот има налепница во нијансата на карминот, како и бројот и името на нијансата.

 Карминот е малку посув кога ќе се отвори, па нанесувањето веднаш на усните е малку потешко. После неколку пати поминување со него на раката како да омекнува и се олеснува нанесувањето. Има убава мат структура, иако на раката подолу изгледа како да има мал сјај. Многу е пигментиран, па со едно поминување се добива убава нијанса.
Трајноста не е многу голема, некои 3 часа со пиење, а ако јадете тогаш ќе мора да го поправите. Остава траги на чаша, а исчезнува постепено, не само од средината на усните.

Нијансата е убава боја која е помеѓу розево и кафено, на мојата уста повеќе е ко розева, но и тоа зависи од целокупната шминка. На еднава слика немам шминка, само карминот, а на втората слика е целосна дневна шминка.



Многу ми се допаѓа нијансава и верувам дека ќе ја носам многу често. Не се губи во мојот тен, не изгледа многу бледо и според мене е нијанса која може да ја носи секој. 


Од мене оцена 9/10 само заради трајноста, но го препорачувам.

Имајте убав викенд! :)

1 comment:

  1. Прекрасна нијанса, и јас сакам такви нијанси, претпоставувам дека е мат?

    http://corleonka.blogspot.com/

    ReplyDelete