Friends

Wednesday, 22 April 2015

Spring shoes collection

Здраво!


 Самиот наслов кажува за што денес ќе ви пишувам. Чевлите за мене се можеби и најважниот дел од гардеробата, па поради тоа едно време претерував со нивно купување. Кога бројот стигна до некои 100 пара, сфатив дека имам проблем и почнав да го намалувам нивниот број со подарување, фрлање на оние кои не сум ги облекла со години. Бројот го намалив на некои 40 пара, а со тоа и се ослободи простор за нови :D.
Ретко носам ниско, патики речиси воопшто, а високите потпетици се од 5,6 см. до 12 см. 
Во овој пост ќе ви ги покажам само оние што ги носам речиси секојдневно оваа сезона. Забележав дека повеќето се на крем, но најубаво се комбинираат со речиси се.


1. Овие чевли ме потсетуваат на пин-ап. Ги купив пред можеби 3 години и се оние по кои најчесто посегнувам кога одбирам што ќе облечам. Купени се во ГТЦ во Албатрос ако не се лажам продавницата и беа околу 300 денари. (Секогаш ги проверувам старите колекции што се намалени.)
Ги комбинирам буквално со се и се многу удобни.

 2. Крем чевли кои одат најдобро со панталони и фармерки. Купени пред нешто повеќе од 2 години од Тип- Тап во Рамстор, цена не помнам.

3. Најнови и омилени. Ги купив пред можеби месец од Аванти и чинеа 750 денари. Многу се убави, падот е убав, носени се по цел ден, илегувања, одење по калдрма низ Чаршија и издржав без да посакам да ги соблечам :D.
Салонки кои можат да се носат со се.

4. Чевливе ги видов во поминување, но не влегов ниту да ги пробам. После неколку часа се вратив по нив. Удобни, пријатни на нога, а и на око.
Нешто повеќе од 1000 денари чинеа пред две години во Ил Камино.

5. Бојава е одлична за на пролет, ја разигрува секоја комбинација. Купени се од Аванти пред нешто повеќе од 2,3 години и цената беше околу 700 денари.

6. Купени во ист ден со оние под број 3 :D Се двоумев помеѓу двата модели и на крајот ги земав двата. Овие не се толку удобни како кремот, малку се поплитки, па ногата ми се лизга ако немам влошки. Цената 750 денари, верувам сеуште ги има во Аванти, бидејќи се дел од новата колекција.

7. Стигнавме до најнискиот, најудобниот и najбезвременскиот модел. Иако се за бројче поголеми тоа го средувам со влошки, а и калапот е помал па не е нешто комплицирано. Чевли можат ли комплицирани да бидат? :D Носени со се и сешто. Малку се изгребаа напред, па се надевам ќе успеам да го поправам тоа. Купени пред година и пол од една продавничка на Битпазар, 600 денари.

8. Црни чевли требаат секоја сезона, а моиве ме служат речиси година многу често. Лаковани салонки, со некоја нормална висина на штикла, мислам 9 см. Најдобните чевли кои ги имам, без проблем по цел ден во нив, по различни патишта. Бидејќи е лак, малку се изгребаа, но ништо страшно и многу забележливо. 
Ги носам со се и сешто, класика.
Купени од Ил Камино, околу 1200 денари.

Чевлите ми се поделени во неколку плакари, ѕирнете во еден дел :) :


Какви чевли вие носите на пролет? Повеќе сте за чевли во весели бои или нешто неутрално?

2 comments:

  1. jas sum povekje za neutralni nijansi, ne sum najgolem fan na drech veseli boi :)
    super kolekcija, vo sekoj slucaj :)

    http://donnaoctober.blogspot.com/
    https://instagram.com/donnaoctober/

    ReplyDelete
  2. Со здравје да си ги носиш сите штикли :))
    Нели сакаш една соба само за нив? :D

    Sanja's Burgundy Blog
    Sanja's Burgundy Blog on Facebook

    ReplyDelete