Friends

Thursday, 2 April 2015

Rimmel Stay Matte пудра

Здраво!

Секојдневната рутина за шминка кај мене вклучува и пудра. Ја избегнувам само во моменти кога лицето ми е премногу нафрлано или пак е прилично смирено, но, најчесто ја користам речиси секој ден. Бидејќи имам мрсна кожа барам пудри кои се мат и се задржуваат на лице барем 4,5 часа. 
Пудрава за која денес ќе ви пишувам ја користам периодично, во зависност од тоа кој период од годината е или пак колкава покривност ми треба.

 Прв пат кога ја купив пудрава ја одбрав нијансата 203 која е многу темна. Секогаш купувам потемни нијанси, од некоја необјаслива причина мислам дека сум многу темна. Нормално промашена нијанса која премногу двои од мојот тен. Неколку дена подоцна сестра ми ја купи за неа 103, која мене ми беше многу светла. Ја имав и број 200, но ја потрошив, па за жал не можам да ја вклучам во постов.  Пудрава има 5,6 нијанси кои се многу различни и со различен подтон. 
Пудрата доаѓа во пластична туба, ништо посебна амбалажа, но дозирањето е фино. Има 30 мл. и редовна цена и е 319 денари во ДМ, но често може да се најде на попуст. 
 Текстурата на пудрата е многу густа, па малку производ е потребен за да се покрие цело лице. Мирисот не е многу јак, пријатен е и за кратко време го снемува. 
Нанесувањето е прилично тешко, особено ако не ја погодите подлогата. 
 Првично ја нанесував со прсти, но ми се правеа како лушпи, се собираше уште додека ја нанесував, ова особено ми се случуваше ако кремата беше многу мрсна. Со серумот на Балеа тоа не ми се случува кога ја нанесувам со прсти, па кога се брзам ми се одлична комбинација. 
Потоа почнав да користам четка и бев многу задоволна од изгзледот кој го добивав. Покривноста која ја добивав беше убава, но затоа па имав повеќе пудра на себе. 
Во последниве неколку дена користам сунѓер за нанесување и со него сум најзадоволна. Помалку производ користам, а покривноста е фина.


Околу задржувањето на лице не сум многу задоволна. Мат е само два часа, можеби три во зависност од подлогата. После два, три часа светнувам многу, не само Т-зоната, туку цело лице блеснува. Со палома го тапкам лицето, па се средува некако состојбата и не изгледа многу лошо. Камена пудра оваа пудра не поднесува, се добива некој валкан изглед. После неколку часа се собира на одредени места, особено кај брчките кои речиси сите ги имаме на лице, но јас повторно ја размачкувам, се средува без проблем и не се познава дека нешто сум поправала. 
Покривноста е убава, но порите не ги измазнува него ги покажува повеќе (можете да забележите и на сликата).
На сликата погоре имам измешано од двете нијанси, така добивам приближна нијанса на мојата кожа, а и секако 203 сакам да ја потрошам, не ми се фрла :$
Пудрава мене најмногу ми одговара на есен и на зима, бидејќи не ми е кожата премногу мрсна.

За таа цена е убава пудра и јас би ја купила повторно, особено кога новчаникот е малку попразен. 
Оцена 6/10

3 comments:

  1. Кој е серумот на Балеа кој го користиш?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Еве линк од рецензија за серумот.
      http://maramasplace.blogspot.com/2015/03/balea-aqua.html

      Delete
  2. jas se zaljubiv u pudrava, epten mi odgovara :)

    http://donnaoctober.blogspot.com/
    https://instagram.com/donnaoctober/

    ReplyDelete