Friends

Wednesday, 15 April 2015

Сунѓерче за шминкање Oriflame

Здраво!

Сунѓерчињата за нанесување на пудра од овој вид се многу актуелни во изминатиот период. Иако има најразлични видови, од најскапи до најефтини некако не бев сигурна дека сакам да ги пробам.
Дојде до мене каталог од Oriflame, а цената од 99 денари беше многу ниска. Иако сакав да порачам неколку, сепак не бев сигурна дали ќе се снајдам со него, па порачав само едно.

 Иако на допир изгледа прилично цврсто, на допир е меко. Морам да бидам искрена дека бојата воопшто не ми е важна, но ми се допаѓа што е вака темно, па и кога ќе се испере не се познава многу траги од пудра.
 Сунѓерчето се користи така што прво се топи во вода, од кога ќе впие вода нараснува, па се цеди. Од кога ќе го исцедам со рака го мотам во пешкир. На фотографиите подолу можете да забележите колку расте кога ќе се натопи во вода.

 Пудрата нанесена со сунѓерчево изгледа многу природно. Бидејќи е влажно не собира од производот, туку го втапкува во лицето. Нанесувањето е лесно бидејќи се тапка пудрата со нежни движења. Не е грубо туку е пријатно и меко, а и лесно се држи во рака.
Јас го користам со Rimmel Stay Matte и со Aura Cover Me!  Позадоволна сум како соработува со Rimmel Stay Matte, кога ја нанесувам со прсти или четка многу се познава, а со сунѓерчево се добива многу убав и природен изглед.

Дали сте го користеле? Кое друго сунѓерче го имате пробано и би ми го препорачале?

2 comments:

  1. И јас повеќе го сакам ефектот на пудрата кога е нанесена со сунѓерче, делува попиродно. Го користам розовото на Aura и го препорачувам на сите.

    http://corleonka.blogspot.com/

    ReplyDelete
  2. Јас уште не можам да се снајдам со овие и да стекнам навика со нив да ја нанесувам пудрата. Од тие неколку пати што ги имам користено - можам да се сложам дека многу убаво се нанесува со нив :)

    Sanja's Burgundy Blog
    Sanja's Burgundy Blog on Facebook

    ReplyDelete