Friends

Friday, 24 April 2015

Maybelline color drama

Здраво!

Дали има жена која излегла по едно нешто и се вратила само со тоа? Искрено, не верувам! Излегов по пудра, а се вратив со едen куп ситници, меѓу кои и моливчето за кое ќе ви пишувам денес.
Не ја знам редовната цена на моливов, не е моливче :D, но јас го земав 75 денари на некој попуст во Космо - ГТЦ. Колку нијанси се достапни кај нас, исто не не знам, бидејќи освен оваа боја имаше некоја барби розева која мене сигурно не би ми прилегала.

 Нијансата е 410 FAB ORANGE, преубава портокалова боја, во зависност од светлото оди и накај црвена, што мене лично ми се допаѓа.
Маната на оваа боја е што може да биде малку проблематична со жолтеникави заби, затоа што го истакнува тоа.

 Лесно се остри, не  е многу меко, но ни многу цврсто, убаво се лизга по усните. Не ги суши воопшто, ниту пак истакнува суви делови ако пред тоа сте ги имале.  Траен е многу, некои 5, 6 часа со јадење и пиење, иако остава траги, сепак не се губи лесно. Кога почнува да исчезнува не  е рамномерно, туку прво средината, а краевите можат да стојат и со часови нечепнати. Јас го нанесувам на цели усни, исто како кармин.

Неколку фотографии како стои :)





Ги барав во ДМ молививе, но ги немаше, а во Космо не сум проверила пак дали донеле други нијанси.
Дали сте ги пробале?

Оценка 10/10, би ги купила речиси сите нијанси (се разбира барби розевата не :D ).

1 comment:

  1. Колку добро ти стои бојава е неверојатно! Јас лично не би можела да ја "изнесам" вака, ама секако ќе разгледам од другите нијанси, според оваа рецензија, делуваат квалитетно :)

    Sanja's Burgundy Blog
    Sanja's Burgundy Blog on Facebook

    ReplyDelete