Friends

Monday, 20 April 2015

AVENE Sun Emulsion SPF 50+

Здраво!

Од денес можете на блогов да очекувате нови постови секој понеделник, среда и петок. Доколку имате предлози за што сакате да пишувам слободно напишете во коментар. 

Денес имам рецензија за крема со заштитен фактор, а на овој пост ме поттикна променливо време. Пред некој ден бев излезена, сонцето фино се смешкаше, но кога се вратив веднаш забележав мали пецкања во пределот каде не ми беше покриена кожата.
Знаете дека имам многу чувствителна кожа, мрсна, склона на акни. Пред една година почнав да користам Далацин Ц, па со него почнав да користам и крема со заштитен фактор. После многу читања на рецензии се одлучив да ја земам кремата на Avene. Кога отидов во аптека, ја барав кремата со заштитен фактор 30, но аптекарката ме убеди за оваа со 50.


 Кремава е за нормална до комбинирана осетлива кожа и кожа склона кон создавање акни. Водоотпорна е, хипоалергена и некомедогена. 
Доаѓа во туба со пумпица и содржи 50 мл. производ. Јас ја купив во аптеката Виола во ГТЦ и чинеше 1000 денари.
 Кремава ја имам речиси година дена и е одлична како и првиот ден. Сеуште има иако ја користев 5 месеци минатата година, а мислам дека и наредниве два месеца ќе можам да ја користам.
 Кремата е бела, малку погуста е, но одлично се размачкува, се разбира малку подолго од вообичаена крема. Мене ми е доволнo едно и пол стискање за лицето и вратот. На почетокот не ја размачкував убаво и шетав со бели траги, но кога видов дека е потребно поубаво размачкување повеќе немам такви незгоди :D. Кога ќе ја нанесам се познава како сјаен слој на кожата, но се впива и потоа дава убав здрав изглед на кожата.
Кремава најчесто ја носам самостојно, затоа што убаво ми го изедначува тенот. Но, кремава е одлична и како подлога за пудра. 

Ова е мојата омилена крема, а Avene e мојот омилен бренд. Сега видов на нивниот сајт дека имаат нови пакувања, можеби и нови формули, но тоа ќе го дознаам кога ќе купувам нова крема
.
Кремава убаво ја заштитува кожата, ја негува и изедначува. 
Од мене има 10/10. Би ја купила повторно и се разбира ја препорачувам.

Имајте убава недела. :)

1 comment:

  1. Кога се видовме - ти кажав дека не би дала толку пари за крема, но кога ќе размислам подобро, ако е нешто квалитетно и би ја штитело кожата на лицето, а и кога би ги имала парите - сигурно би ги инвестирала во нешто квалитетно и што ќе трае :)

    Sanja's Burgundy Blog
    Sanja's Burgundy Blog on Facebook

    ReplyDelete