Friends

Friday, 20 March 2015

Golden Rose лакови


Сакам убави средени нокти, со фина боја на нив. Но, за лакови не сакам да давам многу пари. Лаковите на Golden Rose ми се одлични и по цена и по квалитет. Последниве неколку месеци ги носам само овие нијанси, ги вртам во круг иако една ми е омилена. 
Па да почнам по ред:

Golden Rose color expert 32- многу убава борда боја со светки. На фотографијата е со два слоја.
 Color expert 31- убава виолетова нијанса која има металик сјај, на фотографијата има еден слој на ноктот.
 Color expert 34- убава темно црвена нијанса, еден слој имам нанесено на ноктот.
 Color expert 09- преубава нежна, месо боја, нешто помеѓу крем и рзозево. Само со еден слој се добива убава боја како на фотографијата.
 Golden Rose rich color 108- убава зелено- сина нијанса. Еден слој имам на фотографијата. Кога ќе го избришам ноктот е малку потемен од вообичаено што не е случај со другата линија на лакови.

 Тајноста на лаковите е олдична. Иако по цел ден рацете ми се во вода траат по недела дена, освен ако го изгребам некаде ноктот па да се иззлупи малку лакот. Некои лакови со само еден слој даваат многу убава боја, но со некои мора да се нанесе два слоја лак. Се сушат брзо на ноктите што е одлично ако се брзате. Но, брзо се суши и лакот во шишенцето, отприлика месец и пол, два, освен последниот, мислам дека ми е прв од оваа линија кој навистина го користам, од другиот кој беше светла боја не бев воопшто задоволна.
За цена од околу 60 денари се одлични.

Оцена 10/10

Дали ги користите и која нијанса ви е омилена?

4 comments:

  1. gi obozavam onie Maxi Brush, epten sum zadovolna...

    octobergraves.blogspot.com
    instagram.com/octobergraves

    ReplyDelete
  2. Одамна го меркам Color Expert 32, стварно е преубав :D

    ReplyDelete
  3. Никогаш не можеш да згрешиш со темни лакови :) Затоа и Color Expert бр.78 токму од Golden Rose ми е омилен бордо лак.
    Кога користам понежни нијанси, изборот паѓа на бр.06 - светла крем/месо боја. За лето секогаш се одлични тиркизните нијанси :)

    Sanja's Burgundy Blog
    Sanja's Burgundy Blog on Facebook

    ReplyDelete