Friends

Sunday, 15 March 2015

Essence lipliner

Здраво!

Почнав се повеќе да ги сакам овие постови со рецензии, па повторно со таков пост. Денес на ред се моливчињата за усни од Essence, во нијансите 06 satin mauve и 08 red blush. Моливчињава ги купив од DM по 75 денари. 




Моливчињата се многу меки, па имам проблем при нивното острење. Ако имате да ми препорачате острилка би ви била благодарна бидејќи пробав со 4 што ги имам дома и многу се кршат. Бидејќи се меки нивното нанесување е многу лесно, доколку не ви се скрши врвот :D. Прилично се трајни, на усните со пиење можат да издржат до 3,4 часа, со јадење малку пократко.
 06 Satin mauve е преубава нијанса, одлична за секој ден кога сакате да ги истакнете усните, но да не бидат нападни. Совршена Кајли Џенер нијанса, но многу е тешко на фотографии да се долови бојата. Многу меко моливче и со едно острење може да ги исцртате цели усни само еднаш. Трајноста е 3,4 часа и од усните ја снемува рамномерно.




08 Red blush е многу убава црвена нијанса, која може да биде подлога за било кој црвенкаст кармин. Ме изнедади тоа што е малку поцврсто од 06, па со едно острење можев да ја избојам цела уста 3 пати.  Нијансата многу зависи и од светлото, но е таква како на фотографиите каде е само усната. Другата е постирана со цел да видите дека може да изгледа и многу поцрвено. Оваа нијанса не ја снемува рамномерно, туку само средината на усните, а на краевите е интензивна бојата исто како кога е нанесена.




Мојата оцена за овие моливчиња е 9/10 само поради тешкотиите со острењето. Ми се допаѓаат нијансите, трајноста е задоволителна, пигментираноста е одлична. Се на се за цената се одлични. Би ги купила повторно, но за жал сите нијанси слабо се наоѓаат.

Кои нијанси ги имате вие?

1 comment:

  1. Бojата на моливчето '06' навистина ми се допаѓа, а и дефинитивно е Кајли Џенер нијанса :)

    Sanja's Burgundy Blog
    Sanja's Burgundy Blog on Facebook

    ReplyDelete