Friends

Thursday, 26 March 2015

Balea aqua серум и крема за околу очи

Здраво! 

Речиси секогаш кога договарам средба со некого, местото за наоѓање е пред ДМ. Во случај да доцнат, можам таму со уживање да го поминам времето меѓу полиците. 

За серумот на Балеа читав многу позитивни рецензии, дел на блоговите на соседиве, дел на форум. Иако имам мрсна кожа, понекогаш се пресушува, па делот помеѓу веѓите и околу усните често пати ми се перути, пука и ме боли.
Кога видов и дека има крема за околу очи од истава линија без размислување ја земав.
Ако ве интересира моето искуство со нив, продолжете да читате :)



 Паковањето е во картонска кутија, која за чудо издржа повеќе од месец дена во фиока. Двата производи се во пластични туби за кои јас немам замерка. 
 Кремата за околу очи има 15 мл. На самата кутија има декларација што содржи, за каква кожа е и како би требало да ја користите. Структурата е прилично лесна, течна, се размачкува многу лесно и брзо се впива.  Ја користам навечер, пред легнување и наутро делот околу очите ми изгледа малку посвежо. Но искрено освен тоа не забележав некое намалување на круговите, а мислам дека месец е доволен за барем некаква промена да се забележи. Ја користам и наутро и одлична ми е како подлога за коректорот, подобро се размачкува и не се собира во линиите/брчките. Наутро ја ставам и на усните, па е одлична како подлога за моливче за усни.



 Серумот има 30 мл. производ. Пакувањето е многу практично и хигиенско бидејќи е со пумпица. Иако пишува на него дека е за сува кожа, мене ми е одличен. Има воденаста структура, лесно се нанесува и брзо се впива. Потребни се две до три стискања на пумпицата за да се нанесе на цело лице и врат. Го користам и наутро и навечер и освен него не користам друго, бидејќи мислам дека ми е доволен.
Убава хидратација и дава на кожата, ја освежува убаво, тенот е поблескав и поеднаков. Одличен е и како подлога за пудра. Пудрата убаво се нанесува, а и не блеснувам како со одредени креми после брзо време од нанесувањето.



Цената на кремата за очи е околу 150 денари, а мојата оцена е 7/10. Сепак би ја купила повторно.
Цената на серумот е околу 250 денари, оцена 10/10 и би го купила повторно.


Дали ги користите, како ви се допаѓаат?

5 comments:

  1. Јас по твоја препорака ја зедов онаа креме на Балеа со малина и можам да кажам дека е најдобрата крема за лице (барем за моето).

    Експериментирам многу со креми за лице и дома имам преку 10, но ниту една не ми се погодила како таа. Мене најголем проблем ми е челото, каде што кожата ми е дехидрирана, па иако е сува, при чести допири се мрси и вцрвува. Кремата со малина ми ја смирува како ниту една друга.

    Дојдов на овој пост да ти се заблагодарам за таа претходна препорака ;)

    ReplyDelete
    Replies
    1. Мило ми е што ти се допаднала и ти одговара. Пробај го и серумов, верувам дека ќе ти се допадне.

      Delete
  2. Odlicna recenzija, serumov se mislev da go kupam ama neznam dali ima ogranicuvanje vo godini. Ja kupiv edna na Bioten za suva koza pa vidov deka e za 25+ pa mi ostana doma taka. :)

    ReplyDelete
  3. super post, bash me zainteresira serumot...

    http://octobergraves.blogspot.com/
    instagram.com/octobergraves

    ReplyDelete
  4. Баш би сакала да ги пробам и серумот и кремата, сум читала доста коментари за нив и повеќето се позитивни :*

    http://corleonka.blogspot.com/

    ReplyDelete