Friends

Saturday, 6 December 2014

Afrodita YOUNG & PURE CLEAN Пена за чистење

        После долга пауза одлучив да се вратам на блогирањето. На блогов освен постови поврзани со модата ќе објавувам и постови за нега на лице, шминка, нокти, направи сам итн. Се надевам дека често ќе се дружиме и ќе ви се допаѓаат моите постови. Ќе ми биде драго да прочитам ваши критики, предлози, забелешки.


             Ако сте од оние кои имаат масна кожа веројатно сте навикнати секој производ кој ќе слушнете или прочитате дека е добар за вашата кожа, да го запишете и при прва прилика да до купите и пробате.
               Неколку години водам војна со мозолчиња, неправилности на кожа, постојано сјаење и избивање на маснотии на површина. Ме теши она дека подоцна ќе се појават брчките, но што до времето кога ќе бидеме среќни што имаме мрсна кожа?
         Да се навратам на мојот пост. Одамна читав рецензии за оваа пена за миење од Афродита, но не можев да ја пронајдам долго време. Пред 2, 3 месеци ја зебележав во ДМ и веднаш ја купив.




           На пената пишува дека е за масна и нечиста кожа. Не содржи парабени, парафин и силикони и не е комедогена.
               Боцата има пумпица која одлично работи и едно стискање на пумпицата е доволно за цело лице. Пакувањето е 150 мл и чини околу 300 денари, Пред употреба потребно е да се протресе.




              Кога ја купив пенава лицето ми беше прилично нафрлано и многу лачеше маснотии. Ја користев пенава неколку дена наутро и навечер, но забележав дека многу ми ја суши и затега кожата. Пред користење на пенава тенот ми беше речиси секаде ист, но со пенава почнаа да се појавуваат нееднаквости. Кожата почна да се суши и перути, на некои места дури ми се отворија и ранички, особено околу носот.
             Престанав да ја користам за лице и ја преместив во туш каде почнав да ја користам за грб, деколте и раменици. Мозолчињата кои ги имав на тие места почнаа да исчезнуваат. Иако на лицето кожата ми е многу мрсна, на телото е многу сува, но не забележав никакво дополнително сушење.
Кога ми поминаа раничките на лицето и малку се стабилизира кожата одлучив повторно да пробам, а и бев во оној период од месецот кога нормално е да се нафрламе. Овој пат ми го освежи лицето, не ми го пресуши и после долго време утрото немав никакви траги од маснотии.
Сега не ја користам постојано на лице, туку на 2,3 дена.

             Не забележав намалување на пори, ниту пак некоја страшна разлика околу митесерите.
Не ја отстранува шминката со само едно миење, морам да користам или пред неа нешто друго или после да се измијам со уште еден гел.
Многу ми се допаѓа мирисот на пенава, многу е свеж и после излегување од туш цела бања мириса на него.

        Јас не го препорачувам за секојдневно користење. Иако имам мрсна кожа не барам производ кој ќе ми ја пресуши кожата, туку некој кој ќе ја одржува свежа и чиста. Не би го купила повторно, затоа што за таа цена има и други препарати кои нема да ми ја пресушат кожата.


Поздрав!

6 comments:

  1. Milo mi e sto go procitav postov pred da ja kupam, imam kombinirana kozha koja vo zima e posuva pa proizvodov definitivno ne e za mene. I da milo mi e sto se vrati vo blogiranjeto :)))

    ReplyDelete
    Replies
    1. Би ти го препорачала гелот на Нивеа - visage aqua sensation. Го користам речиси секој ден и прекрасен е.

      http://2.bp.blogspot.com/-tTGqq8Im0Q4/UQ6AguVy3_I/AAAAAAAAEC4/vQzpc9bLIo8/s1600/DSC_0084-small.jpg

      Delete
  2. dobredojde nazad, milo mi e sto povtorno go aktivira blogov :))


    http://octobergraves.blogspot.com/

    ReplyDelete
  3. Твоето враќање на блогирањето, многу ме радува!
    Одлична рецензија, детално опишана, браво :D

    ReplyDelete
  4. Добредојде назад, супер пост, а производов дефинитивно би ми одговарал :)

    http://corleonka.blogspot.com/

    ReplyDelete