Nivea AQUA sensation facial cleansing gel

Здраво!

Во овој пост ви пишував за производ кој првично ми ја пресуши кожата и сега го користам повремено. Овој пат ќе ви пишувам за производ кој во тој период кога кожата ми беше пресушена ми ја врати во нормала. По насловот можете да видите дека станува збор за производ на Нивеа. 
Никогаш не сум ги сакала производите на Нивеа, не ми одговарале ни на кожа, ни на коса. Секогаш ги одбегнував иако во последно време често читам позитивни критики за нивните производи.
Кога го купив гелов бев прилично скептична, но и не дека имав нешто многу да изгубам, секако лицето ми беше лошо. 
Цената на производов е околу 200 денари, но верувам дека цената се разликува од продажното место.
Ми се допаѓа амбалажата на производот, во фина нежна боја е и малку се забележуваат гранулите кои ги има гелот. Количината на производот е 200 мл, што е и повеќе од одлично за цената. 
Мојот гел е за нормална и комбинирана кожа  и одлично си ја врши својата работа. Иако ретко носам шминка, ја мие убаво, но само она што е на лицето. Фино ја отстранува и шминката на очите, но доколку имате туш или пак малку потешка шминка тогаш би требало да користите и нешто плус за нив.
Гелот е безбоен, со бели гранули кои се растопуваат при миењето. Не прави пена воопшто гелов, но убаво се гледа како ја растопува шминката. 
Има прекрасен мирис, кој мене ни малку не ме потсетува на нивниот класичен мирис од нивната класична крема во сина амбалажа.
Лицето после миење ми е свежо, нежно и воопшто не ми предизвикува дополнителни иритации или нафрлања на кожата.
Бидејќи имам премногу мрсна кожа, не верував дека производов ќе ми одговара, но кога се појавува она лачење на маснотии кое е баш изразено тогаш го користам гелот на Афродита. 
Најчесто гелот на Нивеа го користам 2,3 дена па еден ден Афродита, па повторно се враќам на Нивеа.
од мене гелов има 10/10.






Comments

  1. go nemam koristeno ovoj gel - sepak bravo za postovite za kozmetika odlicni se i korisni

    ReplyDelete
  2. i jas nikogas ne sum gi sakala proizvodite na Nivea, ne mi odgovaraat voopsto, ama ova me zainteresira i bi go probala :)

    octobergraves.blogspot.com

    http://instagram.com/octobergraves

    ReplyDelete

Post a Comment