BALEA MED ултра сензитив гел за миење лице

После долга пауза се враќам назад и ветувам пост барем еднаш неделно. Од денес ќе бидам поативна на ФБ страната и на инстаграм, ако не ме следите клик на двете :)


Во изминатиов период користев неколку гелови за миење лице на Balea, па денес ќе ви пишувам за овој кој го користам во моментов.


 За околу 150 денари добивате 150 мл. производ кој можете да го купите во сите продавници на DM.  
Подолу на фотографијата ќе погледнете што вели ДМ за производот.

 Отворот не  е ниту премногу голем, ниту премал, па дозирањето е многу едноставно. Ми се допаѓа начинот на отворање и затворање, не сакам производи кои се со капачиња на навртување.

 Гелот е проѕирен и не  е многу густ. Потребната количина за миење на лице е колку зрно грав. Јас лицето секогаш го мијам два пати, па вториот пат нанесувам колку зрно грашок на четката и со кружни движење го поминувам лицето. Убаво ја вади шминката, не ми ја суши кожата, не ми ја иритира, а не ја ни мафрла. Понекогаш кога имам многу шминка на себе го комбинирам со уште еден гел на Балеа, но за тој ќе ви пишувам наскоро. 


Немам ниту една негативна карактеристика, но сепак би го оценила како 9/10.



Comments