Четка за миење лице - Avon

Правилна нега на лицето значи и правилно чистење. Миењето на лицето само со вода одамна не е доволно. Верувам дека сите користиме некаков гел, пена за миење или пак сапун со кој се трудиме да ги отстраниме сите нечистоии од лицето. Но, колку навистина е чисто лицето кога го миеме со гел и нашите дланки?
Мислев дека сите нечистотии и шминката ги отстранувам со два пати нанесување на гел, но не сум била во право.
После многу изгледани видеа, прочитани рецензии посакав во секојдневната нега да вклучам некоја алатка која ќе ми помага во чистењето на лицето. 


Денес ќе ви пишувам за четката од Avon која пред се ме привлече поради цената. Не знам дали ја има во тековниот каталог, мојата е од пред неколку месеци и чинеше околу 200 денари.


 Намената на четката е да ја исчисти кожата. Јас ја користам така што прво го влажнам лицето со топла вода, ја топам и неа и на неа ставам гел за миење. Со кружни движење не повеќе од минута две  го чистам лицето.

 Мојата кожа е масна, со неправилности, па овој начин на миење и помага да биде чиста и негувана. Четката ја користам речиси секоја вечер бидејќи секој ден носам шминка. 
Ја чисти одлично шминката, кожата е мазна и нежна на допир, а го намали и појавувањето на мозолчиња.

Пред да почнам д аја користам четкава бев сигурна дека со две миење со гел е чисто лицето, но не бев во право. Кога почнав да ја користам четкава прво го измив лицето еднаш и бев непријатно изненадена како изгледаше четката од кога го измив и со неа. Наредниот пат го измив лицето со гел два пати како што го правев тоа и до тогаш и повторно четката беше валкана.
Мислам дека четката ја чисти длабински кожата, полесно потоа ги впива кремите и маслата кои ми се дел од негата, па поради тоа изгледа поубаво и посвежо.

Дали вие користите четка за миење или пак можеби нешто друго?

Comments