Skip to main content
Здраво!
Пудра во прав никогаш не сум користела иако имам масна кожа. Кога ја добив оваа пудра не бев сигурна дали воопшто ќе ја користам, но сакав да ја пробам. Ја користам веќе два месеци и стана дел од мојата секојдневна шминка. Станува збор за пудрата во прав од Aura.
Производите на Aura се повеќе ги има во мојата колекција шминки и до сега ниту еден не ме разочарал. Но, овој производ е број еден за мене од се што до сега сум пробала од нив.
Aura matte minerals loose powder доаѓа во проѕирна амбалажа со црн капак. Амбалажата е пластична, не е премногу квалитетна, но до сега не сум имала проблем иако ми паднала. Она што особено ми се допаѓа кај пакувањето е тоа што има заштитна фолија кога ќе го отворите капакот. За цена од околу 250 денари добивате 6,5 грама производ кој треба да се потроши во рок од 24 месеци од отварањето.
На долниот дел од амбалажата се состојките, бројот на нијансата и датумот до кој може да се користи.
Пудрата има три нијанси, а мојата е 02 medium и совршено ми одговара на мојот тен. Јас ја користам речиси секој ден без разлика дали носам течна пудра или над крема и коректор. Лицето ми е мат долго време, не се собира, не се познава ниту пак истакнува суви делови или пак брчки. Коректорот под очите не се собира во малите линии кога ќе го фиксирам со оваа пудра.
Мене овој производ многу ми се допаѓа, особено сега кога е лето и лицето не сака многу шминка, па радо ја избегнувам течната и можам да изгледам изедначено со оваа пудра во прав. Пакувањето е практично, не излегува многу производ и мислам дека ќе ја користам уште долго.
Оцена 10/10
Дали сте ја пробале?
Секогаш сум сакала да пробам ваков тип на пудра, а секогаш сум ја одминувала.
ReplyDeleteТвојата препорака дека е одлична за во лето, а и во пределот на подочниците ми е мотивација за купување :)
♥Sanja's Burgundy Blog
♥Sanja's Burgundy Blog on Facebook