Skip to main content
Eveline BIG volume explosion mascara
Здраво!
Минатата недела ви пишував за тушот на Eveline, но не успеав да ве информирам каде ги има нивните производи. После постот добив многу пораки каде го има, а бидејќи немав одговор се потрудив да го најдам. Ги контактирав од Eveline и ми кажаа дека имаат продавница на ул. Максим Горки, на 20 метри од Шпанска амбасада. Наредниот ден отидов да видам што се имаат. Во продавницата има голем избор на производи, а покрај нивните производи имаат производи и од други брендови. Бидејќи отидов за производите на Eveline сепак најмногу се задржав на штандот со нивната козметика.
Пред неколку години користев една маскара од нивниот бренд, но искрено не помнам дали сум била задоволна или не. Имаат голем избор на маскари, па низ разговор со девојката која работи таму се одлучив за оваа која е нова во нивниот асортиман.
Златна амбалажа со црни букви. Нема заштитна фолија што е минус барем за мене, мислам дека треба барем една од етикетите да биде залепена преку делот што се отвара за да бидеме сигурни дека никој пред нас не ја отварал. На неа има едве етикети, едната е на македонски и на неа пишува до кога е датата на траење, а другата е на англиски која дава повеќе информации за производот. Добиваме 11 мл. производ за 255 денари и велат дека треба да ја потрошиме за 6 месеци од отварање.
Четката е голема и е силиконска. Запците (не сум сигурна за вистинскиот збор) се помали на краевите од четката, а на средината се поголеми. Течноста не е премногу течна, но ни многу сува, мене лично многу ми се допаѓа затоа што сум навикната маскарата да ми биде убава после недела, две, а не при прво нанесување.
Јас ги сакам силиконските четки, затоа што поубаво ми ги расчешлуваат трепките. Оваа конкретно четка зема доволно производ, освен на крајот каде останува повеќе производ од потребното. Иако ја користам веќе недела дена, сакам со вас да ги споделам првите впечатоци и како изгледа на моите трепки при првото нанесување. Трепките не ги навиткав со виткач, не ги расчешлував, само ставив од маскарава.
Можете да забележите дека ги витка, им дава боја и волумен, но не ги расчешлува убаво при првото нанесување. Имам ставено само еден слој, кој мене искрено ми е доволен за секој ден.
Во изминатава недела се навикнав на неа, па успевам и да ги расчешлам убаво. Сепак јас навикната сум на виткач, па без него секоја маскара ми е помалку поубава. За жал немам фотографија од блиску од изминативе денови.
Оцена: 9/10 само заради немањето на фолија.
Дали на вас ви се допаѓа како изгледа? Би ја пробале ли?
Comments
Post a Comment