white pants

Здраво!


Јас сум од оние личности кои сакаат да знаат што ќе прават наредна среда, петок, викенд. Така ми е полесно да функционирам, а и имам време доколку е битен настан да смислам што да носам.
Пред неколку дена се договорив со Алмира и Сара да се видиме, а нели средба не може да помине без фотографирање? :D  Комбинации низ глава ми се вртеа постојано, нешто што сум носела, а не сум ви покажала, нешто што сакам да го носам, ма што уште не. Станав вчера, отворив плакар и ги земав овие парчиња кои не беа ни во ниту еден план.
Се фотографиравме во Чаршија, а потоа со смеење и еден куп разговори продолживме во Менада.


Погледнете што носев јас, а ако ве интересира што носеа тие погледнете ги нивните блогови.
















Фармерки - Шутка
Блуза - подарок
Чанта - подарок
Чевли - Il Cammino


Ви посакувам убав и пријатен викенд.


Comments

  1. Одлично изгледаш. Фармеркиве ти стојат феноменално :)

    Sanja's Burgundy Blog
    Sanja's Burgundy Blog on Facebook

    ReplyDelete
  2. Прекрасна како и секогаш!
    Скромноста е твојот печат и твој најубав украс, карактеристика која најмногу ми се допаѓа кај тебе.
    Не се менувај бидејќи поинаква си од останатите!

    Јагода123 :*

    ReplyDelete
    Replies
    1. Јагода123 ептен ме израдува со коментаров. Благодарам многу! :*

      Delete

Post a Comment