Здраво!
Резензијава ја подготвувам две недели, но никако не сум задоволна од фотографиите. Денес сепак одлучив да седнам, да ја напишам бидејќи е за еден навистина прекрасен производ.
Не помнам дали некогаш сум користела пудра или било каков производ од Max Factor, некако не го ни погледнував нивниот штанд затоа што не секогаш можам да си дозволам нешто од нивниот бренд, а криво би ми било ако нешто ми се допадне и не си го купам :$
За оваа пудра читав многу позитивни коментари и по некој негативен. Ми се допаднаа многу од рецензиите и мислев дека ќе ми одговара. Морам да и се заблагодарам и на една Марија која ме поттикна да ја земам.
Потрагата по совршена нијанса ми беше кошмар и три дена се мислев која нијанса да ја земам. На крајот отидов во Cosmo и една од девојките ми помогна во изборот на нијансата. Благодарност и до неа.
Па да почнам :)
Пудрата која толку многу ме воодушеви е Max Factor Facefiniti 3 in 1. Што значи тоа 3 во 1? Подлога, коректор и пудра во едно. Всушност пудрава би требало да го олесни секојдневието на секоја жена со тоа што ги споиле трите работи во еден производ. Дали тоа го исполнува ќе видите подолу.
Пудрата доаѓа во стаклено шише, на кое има пумпица. Шишето кога ќе го купите има на себе заштитна фолија која ви дава сигурност дека никој пред вас не ја отварал. Редовната цена на пудрава е 820 денари, но често ја има на попуст и може за да се купи за некои 600 денари.
Шишето има 30 милилитри производ. Пудрата има и SPF 20.
На нашиот пазар достапни се пет нијанси. Мојата нијанса е Golden 75, која е најтемна, но ќе видите подолу дека не е многу темна.
Текстурата на пудрата не е густа, воденаста е, лесна е и не се чувствува на кожа. Покривноста е средна накај висока, но може и да се надоградува, а да не изгледа валкано.
Многу малку производ е потребен за цело лице, многу лесно се размачкува и речиси и да не се познава на кожа.
Финишот на пудрава не е целосно мат, туку полумат, многу природно и здраво изгледа на кожата.
Бидејќи имамм многу мрсна кожа мислев дека брзо ќе блеснам, но видов дека тоа зависи од кремата која ќе ја ставам под неа. Со серумот од Balea, пудрава на моето лице издржува 6 часа, а потоа почнува да блеска Т зоната. Се задржува на лицето, не лизга и не исчезнува, а и цела шминка цел ден изгледа убаво.
Она што особено ми се допаѓа кај пудрава што не остава траги на гардероба, при гушкање, а и трагите на мобилен се многу мали за разлика од други пудри кои сум ги користела.
На сликите подолу можете да видите како изгледа на моето лице пред и потоа. Намерно ја фотографирав страната која ми е понафрлана. Можете да видите дека покри се, не се познаваат црвенилата, ниту флеките, а и одлично ми прилега на тенот.
Оцена 10+/10!
Ја препорачувам на секој кој има мрсна или комнинирана кожа.
Дали сте ја користеле? Препорачајте ми друг производ од Max Factor кој ве воодушевил.
Поздрав!
Јас ја користам и ми е најомилено откритие кога станува збор за пудри :)
ReplyDeleteОдлична рецензија.
♥Sanja's Burgundy Blog
♥Sanja's Burgundy Blog on Facebook
Благодарам :)
DeleteДефинитивно си ја одбрала вистинската нијанса, предобра ти е, баш ти соодветна на тенот. Едно големо браво за пудрава, дефинитивно следен пат ќе ја земам. Фала ти на корисната рецензија.
ReplyDeleteБлагодарам. Драго ми е што е корисна рецензијава. Пишете дали сте задоволни од пудрава кога ќе ја земете. :)
Delete