Здраво!
Тушот за очи е дел од мојата секојдневна шминка. Повеќе од десет години користам туш и искрено без него се чувствувам како гола. Кога не носам туш, на истата линија нанесувам моливче или сенка, но тоа е само кога сакам мала промена.
Од почетокот до сега верна сум на Golden Rose, иако во меѓувреме пробував на Avon, Oriflame и некои без име :$
За овој туш читав многу на српските и хрватските блогови, но кај нас е потешко да се најде, барем мене. Пред некој ден влегов во една маалска аптека и на кога го видов на мојата среќа и немаше крај.
Eveline liquid precision eyeliner доаѓа во мала, симпатична, пластична, црна амбалажа. Морам да признаам дека за моето око многу посимпатична е амбалажата за кафениот туш.
На самата амбалажа со златни букви го пишува името на фирмата, како и тоа дека е долготраен и водоотпорен.
Кај отворот на тушот е вметнато картонче на кое има повеќе информации за тушот: земја на производство, бојата на тушот и колку милилитри е.
Тушот чини 155 денари и е 6 милилитри. Не знам дали цената зависи и варира од продажното место.
Има дебела четка на која јас сум навикната. На неа кога ќе ја извадите од шишенцето останува доволно производ за двете очи. Течноста е малку погуста од онаа на Golden Rose, но мене ми се допаѓа. Со еден слој се добива убава црна боја, која е мат од кога ќе се исуши на капакот. Мене она што ми е малку потешко со овој туш е што нема многу остар врв четката, па извлекувањето на мачкаст крај е малку потешко.
На двете фотографии имате споредба каков е тушот кога со мокра рака ќе се потрие и каков е кога само ќе ја ставите раката под вода.
Колку е прецизен и каква линија и боја остава можете да видите на следната фотографија. Немам база, само тушот е на капакот.
Како изгледа после 4,5 часа носење и дожд можете да видите на оваа фотографија. Се извинувам за светлото, но мислам дека може да се види дека се уште е во добра состојба иако малку е испукан.
Јас сум задоволна од тушов, убав е за секој ден, особено кога сакате да биде посмирен изгледот на очите. До сега не сум користела туш кој е баш мат, но ми се допадна.
Долготраен е иако не останува на капакот како кога сте го нанеле. Водоотпорен е, тестиран на дожд :D, но лесно се мие или пак се вади со туферите на Balea, за кои имам пишувано веќе.
Би сакала да го пробам и кафениот.
Оцена од мене 9/10 само ради врвот на четката.
Дали сте го пробале? Користите ли друг производ на Eveline?
Делува како супер производ, иако јас сум навикната да го користам оној со тенка четка. Досега немам користено производи од Eveline
ReplyDeletehttp://corleonka.blogspot.com/
Имаат и со тенка четка ама па јас не сум навикната на тенка четка. После толку години би требало да пробам :D
ReplyDeleteДо сега не сум користела козметички производи на Eveline. Штом се вака достапни цените, можно е наскоро да пробам :)
ReplyDelete♥Sanja's Burgundy Blog
♥Sanja's Burgundy Blog on Facebook