Здраво!
Пред некоја недела бев присутна на првата работилница која Авон ја организираше за блогери, шминкери во Македонија.
Организацијата беше прекрасна, се беше убаво испланирано, организирано и се погрижиле сите да се чувствуваме пријатно. На крајот добивме подароци кои дополнително не расположија. Па кој не сака подароци?
Корективните бисери и закочената четка кои можете да ги најдете и во нивниот тековен каталог се најдоа во мојата Avon ќеса.
Редовната цена на корективните бисери е 780 денари, но во тековниот каталог се 449 денари. За таа цена добивате 22 грама производ. Не успеав да најдам никаде дата на траење.
Како што можете да забележите на фотографијата бисериве се во неколку бои, поточно пет бои. Секоја боја си има своја задача:
-зелена - го неутрализира црвенилото;
-жолта - ги неутрализира темните кругови под очите;
-виолетова - прави контрас на жолтите делови;
-праска - ги изедначува темните дамки;
-ванила - ја осветлува кожата
Avon велат дека можат да се користат на три начини:
-да се нанесат на чисто лице за рамномерен тен;
-нанесување над шминката како сјаен финиш;
- нанесување на јаболчниците за блескав и свеж изглед
Бидејќи имам масно лице и нафрлано избегнувам да користам производи кои даваат сјај на лицето бидејќи така неарамнините кои ги има лицето се познаваат повеќе. Сепак бев љубопитна и ги пробав бисериве на чисто лице и не забележав ништо. Ставив крема како подлога, бидејќи мислам дека треба сепак на нешто да се задржи производот и не видов никаква разлика од голо лице и кога на него ги имав бисериве.
Над шминка не пробав да ги искористам бидејќи сум сигурна дека нема да ми се допаѓа, а и избегнувам сјај.
Мене најмногу ми се допаднаа како руменило. Од кога ќе ставам бронзер, ставам од бисериве на јаболчниците и изгледот кој го добивам е прекрасен. Бојата е многу убава и природна, има мал сјај кој воошто не е нападен. На фотографии и поизразен, но ми се допаѓа и така. Многу убав, природен и свеж изглед се добива со нив.
Јас ги користам со четката, која исто ја има во каталогот. Редовната цена е 450 денари, но сега е на попуст, па чини 259 денари. Четката е закосена и има синтетички влакна. Многу е мека и пријатна на лице.
Со бисериве се совршена комбинација.
Еве како изгледаат бисерите на моето лице:
Ова е мојот омилен производ од Avon.
Оцена 10/10!
Дали сте ги пробале?
П.С. Сакам да го променам името на блогот, што мислите за тоа?
Менување на името никако!
ReplyDeleteОдличив да го задржам :)
DeleteVera:Jas gi koristam sekoj vtor den! Super se zashto mi davaat sjaj na kozhata, pa mislam deka zardi niv poretko me prashuvaat da ne sum bolna ( imam mnogu svetol ten) :D ! 10/10
ReplyDeleteInaku vo vrska so imeto,ne bi ti preporachala da go menuvash! :)
Одличен производ се.
DeleteОдлучив да не го менувам :)