Skip to main content
Balea маслени туфери за отстранување на шминка
Здраво!
Неколку пати имам спомнато дека моето омилено место за чекање и губење време е ДМ. Шетањето низ рафтовите ме опушта и постојано сакам да купам и пробам нешто ново. Минатиот пат ги купив туфериве на Балеа за кои ќе ви пишувам денес.
Се што треба да знаете за туферите пишува на самото паковање. 50 парчиња маслени туфери, без парабен и минерални масла. Маслото кое го имаат е на билна база и со витамините Е и Ц.
Паковањето е бело, со големина отприлика колку крема за лице. Има фолија кога ќе го одвртите капачето, па можете да бидете сигурни дека никој не ги отварал.
Убаво би било ако можете да ја задржите фолијата бидејќи ќе се исушат.
Туферите се многу, многу тенки, можеби милиметар или два.
На следните фотографии можете да видите како ја отстранува шминката.
Можете да забележите дека не ја вадат целосно шминката, но искрено не ни очекував да нема траги.
Она што мене не ми се допаѓа кај туфериве е што ако во секунда не се измиете почнуваат да печат и солзат очите. Тоа барем се случува кај мене, бидејќи ми се многу чувствителни.
Цената на туфериве е околу 60 денари и во зависност од тоа колку шминка имате на очите може да искористите едно за двете или по едно.
Јас сум задоволна од нив, не ми пречи тоа што ми солзат очите, затоа што сега се чистам во тоалет додека ми тече вода за веднаш да се измијам.
Од мене оцена 9/10. Препорачувам.
Јас го чистам лицето со обични памучни туфери на кои нанесувам млеко за чистење шминка. Задоволна сум иако го имам ефектот - печење очи. Често читам дека многумина се задоволни од мицеларната вода и дека од нив не појавува никакво печење.
ReplyDelete♥Sanja's Burgundy Blog
♥Sanja's Burgundy Blog on Facebook
Ако се чувствителни очите мислам дека се ќе ги иритира. За жал мене тоа ми се случи и со мицерална вода.
DeleteSuper recenzija. Probaj so micelarna voda ke se iznenadish kolku nisto nema da osetish na ocite. Jas imam mnogu osetlivi oci od povekjegodishno nosenje kontaktni lekji, i micelarnata voda mi e spas. Ja koristam na Garnier, najbrzo od sve vadi sminka duri i so eden poteg(osven ako imash maskara) a pecenje nema nikakvo kolku i da navleze vo ocite,
ReplyDeleteБев многу задоволна од мицералната на Гарниер, но кога потрошив 2/3 од шишето полна многу да ми ги иритира очите. И јас користев леќи, после нив ми се многу чувствителни очите. :/
Delete