Производите на Аура се повеќе ми се допаѓаат. Кога минатиот пат застанав на нивниот штанд, не можев да се одлучам кое моливче зза усни сакам да го пробам. Зграбив три, четири, но на крај се одлучив само зза оваа нијанса, па ако ми се допадне секако ќе се вратам по други.
Се одлучив за нијансата 34 која сум сигурна дека ќе ја носам многу често .Цената на моливчето ако не се лажам е 115 денари, а го купив во DM.
На самото моливче пишува дека е долготрајно и навистина е така. На усните стои повеќе од 5 часа ако го носите самостојно. Понекогаш го ставам над кармин и нормално побрзо го снемува. Цврсто е, лесно се остри и со едно острење може да се заборавите во боење на устата.
Нијансата е многу убава борда, која има и кафено во неа. Мислам дека одлично би стоела на секој тен. Вистинската нијанса е како на втората слика од усните. Ги суши усните, но секогаш пред да нанесам моливче за усни ставам од кремата која ја користам за околу очи, па не се прават лушпи. За жал на фотографииве не успеав да ставам и крема бидејќи фотографирав повеќе моливчиња. Ако не сте пробале со крема за околу очи, пробајте нареден пат, ефектот е одличен.
На фотографијата подолу можете да видите како го искористив и како туш со загревање. Сликано е навечер со блиц.
Оцена 10/10, едвај чекам да ги пробам и другите нијанси.
Одлична рецензија! Бојата на моливчето е перфектна и не може да се разликува дали е кармин или моливче за усни, а и на последната слика - моливче за очи.
ReplyDeleteОдличен избор :*
♥Sanja's Burgundy Blog
♥Sanja's Burgundy Blog on Facebook
Прекрасно моливче, одлично ти стои и на усните и на очите, Аура има супер производи не се сомневам во квалитетот :)
ReplyDeletehttp://corleonka.blogspot.com/
imam nekolku molivcinja od aura, i od mene imaat 10/10 :)
ReplyDeletehttp://donnaoctober.blogspot.com/
https://instagram.com/donnaoctober/