Golden Rose совршена виолетова нијанса

Здраво девојки :)

Последнава сезона виолетовите нијанси се хит, особено кај шминката. Во потрага по совршена , но прифатлива за џебот комбинација, заглавив во продавничките на Golden Rose. Карминот од линијата Vision, број 125 и молив за усни, број 207 ми се видоа како одлична комбинација за мојата замисла за виолетова боја на усните.



 Карминот е многу кремаст, убаво пигментиран, со еден слој се добива убава боја. Паковањето е црна пластика, на која со букви има напишано од која линија е, но тоа многу брзо го снемува. Особено ми се допаѓа кај овој кармин што кога е затворен има проѕирен дел од кој се гледа нијансата на карминот. Трајноста не е многу голема, можеби 2 часа, но мене не ми пречи. Цената е 95 денари во нивната продавница, но по пазарите се за нијанса поефтини.

Моливчето за усни е тврдо, но лесно се нанесува. Острењето е многу лесно и воопшто не е кршливо. Бојата е убава, интензивна и трае долго време. Ги истакнува сувите делови и ја суши многу устата. Во некој пост претходно ви пишав дека нанесувам крема за очи на устата пред да ставам моливче па така немам никакви  проблеми. Цената е околу 100 денари.
 Ова е комбинацијата која ја добивам од карминот и моливчето. Мене ми е одлична, а ја добивам така што прво ја бојам устата со моливчето, а потоа ставам од карминот. Ако сакам да е поинтензивна, појака бојата ставам одозгора пак моливче.


Дали ви се допаѓа? Имате ли вие ваша совршена виолетова нијанса?

Comments

  1. Правиш прекрасни рецензии!
    Немам доволно храброст за виолетова нијанса, повеќе се држам до бордо нијансите, особено Голден Роуз бр.23 од серијата на мат кармини ;)


    Sanja's Burgundy Blog
    Sanja's Burgundy Blog on Facebook

    ReplyDelete
    Replies
    1. Благодарам!
      Сеуште го немам пробано тој, го немаат постојано кога ќе го побарам.

      Delete
  2. Прекрасно изгледаат и моливчето и карминот, јас сеуште не се одлучувам околу виолетовата боја, моментално фаворит ми е flormar 231 моливчето :)

    http://corleonka.blogspot.com/

    ReplyDelete
  3. molivcevo izgleda predobro, prekrasna boja.. inaku imam omilena violetova nijansa - AURA nanolipstick #83 Tokyo... go preporacuvam :)


    http://octobergraves.blogspot.com/
    https://instagram.com/octobergraves/

    ReplyDelete
  4. great :) love your blog :) have a nice day :)

    http://www.itsmetijana.blogspot.com/

    ReplyDelete

Post a Comment