Alverde дневна крема со матирачки ефект

 Кога и да видам производ на кој пишува дека дава матирачки ефект веднаш го купувам. За овој производ на ДМ многу читав по блогови па едвај чекав да стигне кај нас за да го купам. Иима и пена за миење од истава линија, но бидејќи имам доволно гелови за миење се одлучив само за кремава.

Каронска кутија во која се наоѓа туба со производот. На двете сликата е иста, јаболко и лимета. Количината на производот е 50 мл, а цената е околу 150 денари.
 Си има декларација на која пишува што содржи, за каква кожа е и како да се користи.
  Паковањето е хигиенско, има капаче и отвор со некоја нормална големина од која не може да излезе премногу производ, ниту пак да се изнамачите додека да истиснете.
 Кремата е бела, по структура е погуста, но лесно се размачкува. На почеток малку го затега лицето и одма го матира. Мирисот е многу убав, но брзо исчезнува. 
За жал моето искуство со кремава не е позитивно. После кратко време од кога почнав да ја користам забележав дека се нафрлам. Цена брада и вилична коска ми се направија со митесери и поткожни мозолки. Кога правев пауза во користењето се повлекуваа, а ако пак ја користев одма се појавуваа. 
Мат изгледот речиси и да го немаше на мојата кожа, после половина час од нанесувањето. Освен што светнував после неполн половина час ипудрата како да ми се лизгаше од лицево и исчезнуваше.

Можеби на друга кожа ќе и одговара, но на мојата не, иако во моментов не е многу мрсна.

Не ја препорачувам, оцена 2/10 заради мирисот.

Comments