Afrodita clean phase кремаст пилинг

Верувам дека сите се трудиме околу негата на кожата, без разлика дали е на лицето или телото. Еден од важните производи кои би требало да го користиме повремено е пилингот.
Бидејќи имам мрсна кожа пилинг користам еднаш или два пати неделно. Два пати користам кога носам шминка цела недела.
Пред речиси две години бев на гости и останав на преспивање, а со себе не носев ништо за чистење на лицето. Снаа ми ми даде нејзини производи меѓу кои беше и пилингот на Афродита. Чувството од кога го измив лицето беше воодушевувачки. Во тој период користев друга козметика, па не се заангажирав околу купување на пилингов. 
Пред неколку месеци влегов во ДМ по други производи, но го видов пилингов и го зграбив бидејќи тој што го користев веќе беше при крај.

 Пакувањето е практично, во убава боја, а количината на производот е 75 мл.
 Пилингот е кремаст со ситни зрнца, па би било убаво при користење да се избегнува делот околу очите затоа што би можел да влезе во окото.


Зрната се ситни, оцтри, но поради кремастата структура на пилингот не оставаат траги на лицето, ниту пак го оштетуваат. Дозата која ја користам е колку она што го прикажав на фотографијата.
Отворот не е ниту премногу голем, ниту премал, мене ми се допаѓа бидејќи лесно се дозира.  

Лесно се мие, а потоа лицето е многу убаво меко и нежно. Кога го купив го користев на два дена, но забележав дека кожата почна повеќе да лачи маснотии. Сега го користам еднаш неделно или два пати, но тоа само кога сум шминкана секој ден. 

Цената е околу 350 денари,


Би го купила повторно од кога ќе го потрошам. 8/10

Comments