Face care routine

Мојата кожа е прилично неблагодарна за негата што ја добива, но за тоа како изгледа се заслужни и гените.
Убавината на мрсната кожа е најверојатно долгото задржување на младешкиот изглед, но со тоа доаѓаат и еден куп негативности, постојано сјаење на кожата, неможност да се задржи шминка подолго време и се разбира - АКНИ.

Кога почна пубертетот почнаа и мозолчињата, кои што беа најверојатно нормални за тој период. Но, за жал иако периодот помина, мојата кожа не се согласува со тоа.

Имам користено се и сешто, од ефтини производи, до малку поскапи. Да, за мене поскапи беа производите на Еуцерин. Мојата кожа очигледно си сака неекономична нега.

Од пред некое време почнав да користам прозиводи на Avene и на La Roche - Posay.


Лицето ми е препородено, делува свежо, здраво и негувано. Не можам да кажам дека ми е чисто од мозолките, но секој ден се се помалку. За чисто лице, особено кога има многу акни, кога е мрсно треба трпение и упорност.

*La Roche - Posay, Effaclar - гел за миење на лице. За жал ги нема во Скопје, или јас не  успеав да ги најдам. Мене ми го донесоа од Белград и чинел околу 10 евра, 200 ml.
Гелов е одличен, убаво го чисти лицето, го суши, но не го перути, што ми се допаѓа. Не остава воошто нечистотии, ја чисти одлично и пудрата, пешкирот е баш чист. Го смирува лицето, го намалува црвенилото. Јас го користам наутро и навечер, можеби за некој е  многу, но тоа најмногу и одговара на мојата кожа.

*Avene, Cleanance Gel, чини околу 800 денари, 200 ml. Овој гел е малку појак од претходниов. Бидејќи ги имам двата, овој го користам кога се туширам за чистење на грбот. Многу ми е посмирен грбот, акните се понамалени.
(Подеднаков проблем имам и на лицето и на грбот со акни и митесери.)
Многу мала количина од гелов е потребна за миење на лице, грб. Кога го користев за лице, од маскарата не остануваше воопшто црно, што е голем плус. Јас не сакам кога морам да ја бришам шминката на очите со други производи. Морам да спомнам дека кога го користев за лице, го искомбинирав со пилингот на Еуцерин и лицето едвај го смирив. Ако сакате да го користите за лице, што всушност и му е намената, куристете некој поблаг пилинг.


*Avene, Cleanance emulsion, одлично е. Ја прави нежна кожата, го смирува црвенилото, ги намалува акните.  Ги намалува порите, па и одлична подлога е за пудра.  Чини околу 800 денари.
Ја ставам после миење на лицето наутро, навечер најчесто не, освен ако видам дека има потреба.

*И за крај, пред два, три дена ја купив термалната вода на Avene. 300 ml чинат 580 денари во Зегин.
Го освежува лицето, намалува црвенила. Рецензии што прочитав за неа е дека може да се користи за изгореници, после депилирање. Значи одлична е за чувствителна кожа.
Утрово од кога го измив лицево, се напрскав со термалнава вода и не ставив крема. Ми рекоа дека лицето ми делува многу свежо.

Иако ми се чинеа многу скапи призводиве, кога го гледам лицево во огледало, па и на допир можам да кажам дека ми е драго што сепак одлучив да инвестирам во малку поскапи производи, затоа што кожата е навистина многу важна.


Мојата кожа моментално изгледа како на втората слика. Оваа страна е повеќе нафрлана од другата, па затоа се одлучив неа да ви ја покажам.
Првата слика е  мојата кожа пред неколку месеци, во тој период користев пилинг и тоник на Еуцерин. Кратена е од друга слика, па затоа има рамка, извинете.
                                                  
                                                                             Претходно

                                                                                Сега



Comments

  1. Bravo :) Ova go cekav :) Navistina kozata ti e preporodena ,odbegavaj da koristis pudra za da ti se iscisti skroz uste malku ke izdrzis :)Pozz:*

    ReplyDelete
  2. Исцрпен текст, си се потрудила да напишеш едно твое искуство за нега на кожата на лицето. Браво! Секако, имаш одлични резултати, уште малку и ќе стигнеш до целосно чисто лице :))

    http://fashioncompilation.blogspot.com/

    ReplyDelete
  3. Навистина одличен review на производиве, а уште помило што и резултатите се супер. Сепак кога станува збор за лицето дефинитивно треба да се инвестира.

    Stardust Stain Blog

    ReplyDelete
  4. Ubavo sto si stavila slika I od prethodno. Razmisluvam za Avene dolgo vreme, no mi dade nadez deka mozebi so niv ke mi imam rezultati.

    ReplyDelete
  5. Nice productos !! great post!
    I'm following you now.

    Kisses

    http://www.thetrendysurfer.com/

    ReplyDelete

Post a Comment