Сабота и договори два. Успешно реализирани, убаво поминато време со две битни личности за мене.
Местово за фотографирање го меркам одамна, но не се нашла прилика да се фотографирам. Додека шетавме со другарка ми, видовме неколку туристи, па ајде и ние да сме туристи во градов. :D
Гледам дека чантата никаде ја нема, па се потсетив дека ја искористив како подлога за капутот. Црна, голема, ја имате видено нив постовиве.
Имајте убав ден, ве оставам со песната која ми беше инспирација за насловот.
Местово за фотографирање го меркам одамна, но не се нашла прилика да се фотографирам. Додека шетавме со другарка ми, видовме неколку туристи, па ајде и ние да сме туристи во градов. :D
Гледам дека чантата никаде ја нема, па се потсетив дека ја искористив како подлога за капутот. Црна, голема, ја имате видено нив постовиве.
Имајте убав ден, ве оставам со песната која ми беше инспирација за насловот.
Ааа, Марамке, ептен убаво.
ReplyDeleteМи се чини имаме и исто/слично ланче, моето е со само црни камења. И морам да признаам твоето повеќе ми прави мерак, сакам разиграност :D
Само не сум сигурна, тоа што носиш е сукња или фустанче? Ако е фустанче претпоставувам какво е, истото го имам и јас од Мана го земав :D Го утепав од носење, на триста начини може да се комбинира, а и плус предност има дека е црно.. Абе милина :D
Инаку, ми се свиѓа како имаш искомбинирано со кошулката, ептен штосно делува. Палец нагоре имаш и за изборот на останатиот накит. Јас од секогаш сум викала дека колку сака нека е добра комбинацијата, без избор на добар накит - или без воопшто накит на неа, делува празно и нецелосно.
И супер место за сликање имаш одбрано, јас се уште не знам каде да се сликам. Секогаш кога излегувам претежно навечер, сликите никогаш не ми испаѓаат убаво дка не се на дневна светлина, и џабе е се..
Благодарам! Здолниште е, не е фустанче и да, го утепав од носење.
DeleteИнаку за фотографирање ретко кој сака да ме фотографира и ретко кога наоѓам некое место иако низ Скопје има многу места каде можат да се извадат добри фотографии.
Најчесто фотките ми се дома, покрај бел ѕид :/
Love your boots. Nice outfit.
ReplyDeleteKiss.
Valeria.
International Giveaway: http://myurbanmarket.blogspot.it
obozavam kosuli-mnogu dobro mi deluva vo celava kombinacija -prijatno me iznenadi so postov:)
ReplyDeleteБлагодарам =)
DeleteОдлично,одлично и одлично. Преубава комбинација, покажа дека кошули врзени долу не се носат само во лето за да се покаже колку што е можно повеќе гола кожа, браво! Неверојатна си со чевлите, ти завидувам, а за накитот немам зборови,уште толку ја надополнува комбинацијата и дава некој посебен шмек. Само мала замерка, мислам дека нараквицата не е била толку потребна, бидејќи ланчето само по себе е масивно и богато делува.А што носеше одозгора?
ReplyDeleteБлагодарам! Алката е всушност ланче, но често знам да си ги мотам околу рака :D
DeleteГоре капут, во некоја чудна темно виолетова или тегет боја, не сум најсигурна за бојата :$
Super post! :)
ReplyDeleteMnogu ubava kombinacija, jas glasam za simnuvanje na lanceto a narakvicata da ostane! Preubav ambijent!
ReplyDeleteamolusso.blogspot.com
i jas sum za vadenje na omotanoto lance ili sto i da e od raka
Deleteпреубава комбинација, ми се допаѓа што си се одлучила за синиве чизми, даваат шмек на класичната црно-бела комбинација. и ланчето е ептен интересно.
ReplyDeleteубави фотографии ;)
http://octobergraves.blogspot.com/
Локацијата е најдобра! Стојам на тоа дека нема подобро место за сликање во Скопје. :)
ReplyDeleteКомбинацијата на прв поглед ми се допадна.
Едноставноста која ја нудат сукњата и кошулата ми се карактестички за некоја деловна и софистицирана Парижанка. Шминката и косата се исто така на место.
Она што до некаде го разбирам е усогласувањето на чизмите (кои веројато се темно сини) со накитот. Колоритност, освежување на комбинацијата..
Но, никако не можам да ги вметнам за се да биде наредено како што треба.
Доколку огрлицата не беше толку шарена и голема мислам дека многу подобро ќе се вклопеа останатите парчиња со облеката. :)
modnava kriticarka neka go pogledne svojot blog i neka odobri anonimni komentari
Deletei neka si kupi nesto pet parcinja gi vrti niz postovite
Модната критичарка го замолува храбриот анонимус да пише повторно коментар. Сите коментари се одобрени драг/и. :)
DeleteОблека имам повеќе од доволно. :*
Поздрав. :)
Коментарите за другите блогерки на нивниот блог или ФБ страна.
DeleteМи се допаѓа комбинацијава, баш е женствена. :)
ReplyDeleteМногу ми се допаѓа начинот на кој што сукњата и кошулата заедно ти ја потенцираат половината.
Кројот на сукњата е прекрасен, омилено парче од комбинацијата ми е.
Ланчето е многу убаво, дава свежина врз темните бои. :)
Чизмите малку ми делат, ама претспоставувам дека тоа е заради блицот на апаратот.
http://darkbloomv.wordpress.com
Ми се допаѓа контрастот што го прават црно-белиот аутфит и шареното ланче. Како да се во некој судир кој делува ептен интересно, привлечно и убаво. :)
ReplyDeleteИ да, дефинитивно најдобро место за сликање. :)
Скопје има доста понуди на убави места, меѓутоа ете проблемот е тоа што ретко наоѓаме некој да не штрака секогаш. :)
http://life-lover-n.blogspot.com/
Great post!
ReplyDeleteОдличен пост, сакав да го искоментирам уште откако го постна! Прво - суќната е многу убава, и секогаш ја терам мајка ми да ми сошие ваква - во глог за да ми се врти до бескрај :)
ReplyDeleteВторо отсекогаш сум сакала да ја носам така кошулата, ама не сум била сигурна и сум ја пуштала надолу.
Ги видов чизмите од каде што ги имаш купено и ти, ама имаше само мали бројчиња :(
http://sanjaburgundy.blogspot.com/2013/02/new-in.html
Bas lepe slike and necklace, of course. Pratim
ReplyDelete