Friends

Sunday, 13 September 2015

Forgotten photos

Здраво!

Широка блуза и тесно здолниште ми беше омилена комбинација ова лето. Овие фотографии се од пред речиси месец, но беа подзаборавени. Веќе почнав да носам затворени обувки па крајно време е да го објавам овој пост.  

Имајте убав почеток на работната недела :)








Tuesday, 8 September 2015

Eveline art scenic силиконска подлога

Здраво!

Подлога за шминка не сум користела никогаш. Дел од мојата секојдневна рутина како подлога под пудра ми е секогаш крема за лице и никогаш не сум ни помислувала дека треба да вметнам уште еден производ. 

Сепак сакав да пробам некоја подлога, а по разговор со една девојка се одлучив за оваа на Eveline. 


 Подлогата доаѓа во картонска кутија која е обложена со фолија. Мене тоа многу ми се допаѓа кај производите и секогаш имаат еден плус уште во старт. Кутијата е во златна боја и со големи црни букви пишува кој е производот и која му е намената.  


 Самата подлога е сместена во мека туба во црна боја, со капаче на навртување. На тубата со златни букви ги има најпотребните информации за производот. Ова е особено добро за оние како мене што немаат навика да чуваат кутии од производи. Подлогата има 30 мл. кои треба да се потрошат за две години од отварањето. Цената е нешто помалку од 300 ценари и можете да ја најдете во нивната продавница, на други места не сум ја забележала.

 Покрај заштитната фолија на кутијата и на самата туба има фолија. 

 Самиот производ е проѕирен со геласта и густа структура.  Поради структурата потребно е повеќе време за рамномерно да се нанесе на цело лице.  Има интензивен мирис кој мене лично ми пречи, но за кратко време се губи. 


Има два типа од оваа подлога. Едната е за сува и чувствителна кожа, а другата е за комбинирана и масна кожа. Јас ја имам втората која ветува мат ефект дури 16 часа.  Искрено не верувам дека има производ кој може да ја држи мат кожата 16 часа, па  ниту овој производ го прави тоа. 

Подлогава ја користам на два начина. Првиот е: крема за лице, подлогава и потоа коректор на критичните места. Вториот е: крема за лице, подлогава, пудра за лице, пудра во прав. Искрено јас сум многу позадоволна од првиот начин, иако во вториот користам и пудра во прав. Тогаш кожата ми е подолго време мат, не блеснувам речиси цел ден, отприлика 8,9 часа кожата ми изгледа пристојно. Со пудра мат сум 6,7 часа, што не е малку време, но користам мат пудри и пудра во прав.

Искрено јас не гледам потреба од користење на ваков производ особено не во секојдневна рутина. Мојата кожа е масна и мислат дека секој дополнителен производ може само да ја гуши повеќе. 

Мојата оцена за овој производ не знам колку може да ви помогне бидејќи е прва подлога која ја користам, не можам да споредам со друга. Сепак би ја оценила со 7/10, поради одличниот изглед кој го добивам кога сум без пудра, а со оваа подлога.

За жал не можев да направам фотографии од пред и потоа со подлогава.


Wednesday, 2 September 2015

AURA bronzer

Здраво!

Одамна сакав да го пробам овој бронзер од Aura, па на мојата среќа и немаше крај кога го добив. Иако избегнувам производи кои му даваат сјај на лицето, за овој брознер бев прилично љубопитна. 



 За цена од 430 денари добивате 25 грама производ, кој би требало да го потрошите 18 месеци по отварањето. Искрено не верувам дека некој би го потрошил за толку кратко време, јас го користам веќе неколку месеци и изгледа ко недопрен.

 Амбалажата е пластична со фин квалитет, во бронзена боја. 

 На капакот напишани се името на фирмата како и името на производот. 

На долниот дел го има составот на производот, производителот, но конкретен рок на траење не најдов. 

Мене многу ми се допаѓа сјајот кој го дава, не е нападен, не  е премногу сјаен. За жал ќе можете на фотографиите подоле да забележите дека нерамнините на лицето ги истакнува, но тоа го прави секој производ кој има ваква структура и намена. Многу малку производ е потребен, само благо поминете со четката на производот. 




Производов е дел од мојата секојдневна рутина со месеци. Бојата одлично прилега на мојот тен, не само летово туку мислам дека ќе го користам преку цела година.

Оцена 10/10.

Дали го користите бронзеров?