Friends

Friday, 21 August 2015

Feel like a princess

Здраво!


Верувам дека сите имате барем едно посебно парче во гардероберот. Моето посебно парче е ова здолниште кое е постаро од мене. Го присвоив од мајка ми пред неколку години и го носам многу често иако до сега не сум го фотографирала. Најчесто го комбинирам кошула и поелегантни чевли, но овој пат сакав да биде малку поопуштено.  Сепак секогаш кога го носам се чувствувам многу убаво. Се надевам ви се допаѓа.










Бонус фотографии :D 


 И омилената на Сара, која секогаш ми прави одлични фотографии.


Имајте убав викенд.

Saturday, 15 August 2015

AURA absolute matte, моите омилени нијанси изминативе месеци

Здраво!

Бидејќи Aura веќе има нови нијанси од овие кармини сакав да ви ги покажам моите омилени за изминативе месеци.
Веќе пишував за еден од овие кармини,  постот можете да го погледнете тука ако не сте го погледнале до сега.
Имам многу кармини, но најчесто посегнувам по овие, боите се прекрасни, траат прилично, а и ми се допаѓа мат изгледот кој го даваат.


 Цената на карминиве зависи од продажното место, а варира од 240 денари до 290 денари. Секоја амбалажа е заштитена и можете да бидете сигурни дека никој не отварал пред вас. Добивате 7 мл. производ кој треба да се потроши во рок од 24 месеци од отварањето.

 Нијансите кои јас ги имам се: 602 Ring a bell, 603 Sooner or later и 604 Boy oh boy.


 602 Ring a bell е преубава nude розевкаста боја. Има фина пигментација, но сепак со еден слој не може да се добие вистинската нијанса, потребни се два слоја.

 603 Sooner or later е мојата омилена боја. Секогаш кога ја имам оваа боја на себе добивам комплименти и ме прашуваат која е бојата. Иако насекаде ја опишуваат како црвена за мене ова е баш цигла боја. Има одлична пигментација и еден слој е доволен.

604 Boy oh boy е многу тешка боја за носење. Светла црвено - портокалова боја, со одлична пигментација.

На фотографииве нијансите не се целосно реално прикажани, ниту пак можете да ја доловите мат завршницата која ја даваат, но светлото не беше на моја страна.
Карминиве се трајни, може да се пие со нив, но со храната не се најдобри пријатели. Не оставаат траги ако бакнете некого во образ, но не би ви препорачала да ги бакнувате момците :D

Кои нијанси вие ги имате? 

Saturday, 8 August 2015

One shirt, two outfits

Здраво!


Кога купувам гардероба внимавам да можам парчето да го искомбинирам во три комбинации. Понекогаш не е така, особено ако многу ми се допаѓа одредено парче, но сепак се трудам да ја износам гардеробата колку што можам повеќе.

Блузава ја добив на подарок и беше фустан. Не ми се допаѓаше воопшто, па од кога добив одобрување дека нема да ми се лутат го скратив и си направив блуза. Ја носам многу често и ми е едно од омилените парчиња. Денес сакам да ви покажам како ја комбинирам со мојата омилена боја.














Имајте убав викенд :)

Tuesday, 4 August 2015

AURA пудра во прав

Здраво!


Пудра во прав никогаш не сум користела иако имам масна кожа. Кога ја добив оваа пудра не бев сигурна дали воопшто ќе ја користам, но сакав да ја пробам. Ја користам веќе два месеци и стана дел од мојата секојдневна шминка. Станува збор за пудрата во прав од Aura.


 Производите на Aura се повеќе ги има во мојата колекција шминки и до сега ниту еден не ме разочарал. Но, овој производ е број еден за мене од се што до сега сум пробала од нив. 

 Aura matte minerals loose powder доаѓа во проѕирна амбалажа со црн капак. Амбалажата е пластична, не е премногу квалитетна, но до сега не сум имала проблем иако ми паднала. Она што особено ми се допаѓа кај пакувањето е тоа што има заштитна фолија кога ќе го отворите капакот. За цена од околу 250 денари добивате 6,5 грама производ кој треба да се потроши во рок од 24 месеци од отварањето.

 На долниот дел од амбалажата се состојките, бројот на нијансата и датумот до кој може да се користи.

 Пудрата има три нијанси, а мојата е 02 medium и совршено ми одговара на мојот тен. Јас ја користам речиси секој ден без разлика дали носам течна пудра или над крема и коректор. Лицето ми е мат долго време, не се собира, не се познава ниту пак истакнува суви делови или пак брчки. Коректорот под очите не се собира во малите линии кога ќе го фиксирам со оваа пудра.


Мене овој производ многу ми се допаѓа, особено сега кога е лето и лицето не сака многу шминка, па радо ја избегнувам течната и можам да изгледам изедначено со оваа пудра во прав. Пакувањето е практично, не излегува многу производ и мислам дека ќе ја користам уште долго.


Оцена 10/10


Дали сте ја пробале?