Friends

Saturday, 18 July 2015

Statement necklace

Здраво!


Впечатлив ѓердан од  Ines Jewelry, едноставен крој на фустан и црни сандали беа мој избор за кафе со другарки и вечерно дружење.















П.С. многу ми се допаѓа Сара како ме фотографира. Што мислите вие? :)


Имајте убав викенд :)

Sunday, 12 July 2015

Аztec print skirt

Здраво!


Оваа комбинација ја носев пред некоја недела во кино, но бидејќи тогаш не ја фотографирав, деновиве го убедив другар ми да ме фотографира. Благодарност до Горан што имаше трпение  :D Ни се придружи Алмира па имавме навистина убаво и забавно дружење.
Кратко здолниште, бела маичка и високи сандали. Ништо посебно, но мене ми беше многу пријатно и удобно.













Можете да забележите дека не затворив уста од зборење и смеење додека се фтографирав. Се одлучив да ги постирам тие фотографии овој пат, а и секако позирањето ми е слаба страна :D



Monday, 6 July 2015

Eveline сенки за очи

Здраво!

Мојата секојдневна рутина на шминкање долго време не вклучува сенки за очи. Иако порано ги користев постојано, неколку години ги користам многу ретко. Во последниов период сакам повеќе да се шминкам, па сакав да вклучам една палета со бои. Виолетовата боја многу ми се допаѓа, а и според мене одлично им прилега на сите.  



Во асортиманот на Eveline има 8 палети со по 4 сенки. Палетите чинат 255 денари и можете да ги најдете во нивната продавница. Палетата е од цврста пластика, која делува сигурно. На долниот дел од палетата има информации од каде е, рок на траење, грамажа и број на палета.
Целата палета е 5,2 грама, а секоја сенка е по 1,3 грама. По отварањето палетата треба да се искористи за 18 месеци.


Во палетата има четири сенки со кои може да се создаде лесно дневен, но и вечерен изглед. Со бројки се означени која на кој дел од капакот би требало да се нанесе, а и на капакот од палетата е тоа прикажано преку слика.

Горните две сенки се со мал сјај, кој на капакот не изгледа нападно, а долните две се потполно мат. Не би рекла дека се премногу пигментирани, но се со задоволителен квалитет. Јас никогаш не користам база пред шминкање, па можеби со база ќе бидат попигментирани. На капакот се задржуваат во ист интензитет се додека не ги избришам. Прашкасти се и лесно се блендаат. Единствена мана им е што прилично се ронат.


Подолу можете во два различни изледи да ги видите. На првата фотографија ги користев сите четири сенки, додека на втората само сенките со броевите 2 и 4.



Од мене имаат оцена 9/10 само ради ронењето. Боите се одлични, би сакала да пробам уште барем 2 палети.


Дали сте ги пробале?