Friends

Wednesday, 27 May 2015

Blue shoes

Здраво!

Пред некој ден со Алмира и Сара се договоривме да пиеме кафе, кое подразбира фотографирање и на крај убава храна. 
Претходната вечер бев излезена, се вратив доцна и алиштата што ги носев само ги префрлив преку столче. Утрото се разбудив малку подоцна и нормално ги облеков истите. :D 
Фотографииве на прв поглед многу ми се допаднаа, но кога видов како ми се изместил каишот морам да признаам дека многу се разочарав, но што е тука. Ве молам занемарете го тоа.

 Очилава за сонце ги купив неодамна бидејќи сакам наскоро да земам контактни леќи, но бидејќи многу ми се допаѓаат тој ден ги искористив само за фотографирање.















Панталони - Павиа
Блуза - Мана
Чевли - Аванти
Чанта - подарок
Прстен - Битпазар


Tuesday, 26 May 2015

Eveline liquid precision eyeliner

Здраво!

Тушот за очи е дел од мојата секојдневна шминка. Повеќе од десет години користам туш и искрено без него се чувствувам како гола. Кога не носам туш, на истата линија нанесувам моливче или сенка, но тоа е само кога сакам мала промена.
Од почетокот до сега верна сум на Golden Rose, иако во меѓувреме пробував на Avon, Oriflame и некои без име :$
За овој туш читав многу на српските и хрватските блогови, но кај нас е потешко да се најде, барем мене. Пред некој ден влегов во една маалска аптека и на кога го видов на мојата среќа и немаше крај.

 Eveline liquid precision eyeliner доаѓа во мала, симпатична, пластична, црна амбалажа. Морам да признаам дека за моето око многу посимпатична е амбалажата за кафениот туш. 


 На самата амбалажа со златни букви го пишува името на фирмата, како и тоа дека е долготраен и водоотпорен.

 Кај отворот на тушот е вметнато картонче на кое има повеќе информации за тушот: земја на производство, бојата на тушот и колку милилитри е.
Тушот чини 155 денари и е 6 милилитри. Не знам дали цената зависи и варира од продажното место.

 Има дебела четка на која јас сум навикната. На неа кога ќе ја извадите од шишенцето останува доволно производ за двете очи. Течноста е малку погуста од онаа на Golden Rose, но мене ми се допаѓа. Со еден слој се добива убава црна боја, која е мат од кога ќе се исуши на капакот. Мене она што ми е малку потешко со овој туш е што нема многу остар врв четката, па извлекувањето на мачкаст крај е малку потешко. 


 На двете фотографии имате споредба каков е тушот кога со мокра рака ќе се потрие и каков е кога само ќе ја ставите раката под вода. 


 Колку е прецизен и каква линија и боја остава можете да видите на следната фотографија. Немам база, само тушот е на капакот.

 Како изгледа после 4,5 часа носење и  дожд можете да видите на оваа фотографија. Се извинувам за светлото, но мислам дека може да се види дека се уште е во добра состојба иако малку е испукан.


Јас сум задоволна од тушов, убав е за секој ден, особено кога сакате да биде посмирен изгледот на очите. До сега не сум користела туш кој е баш мат, но ми се допадна.
Долготраен е иако не останува на капакот како кога сте го нанеле. Водоотпорен е, тестиран на дожд :D, но лесно се мие или пак се вади со туферите на Balea, за кои имам пишувано веќе.


Би сакала да го пробам и кафениот.

Оцена од мене 9/10 само ради врвот на четката.

Дали сте го пробале? Користите ли друг производ на Eveline?

Sunday, 24 May 2015

New skirt

Здраво!

Минатата недела бев на крштевка. После крштевката во црква, продолживме во ресторанот "Два Елена". Убаво и пријатно место во кое не сум била до сега.

Уште кога го купив здолништево го испланирав за крштевката, но со што да го комбинирам ми беше голем проблем. После 3,4 комбинации одлучив да го носам со обична бела маичка, иако не бев задоволна како би изгледала за тој настан. Утрото го отворив плакарот и ја забележав оваа блуза која некогаш беше фустанче. Ги облеков заедно и ми се видоа како совршена комбинација.







Здолниште - Мана
Блуза - Пренди
Чевли - Аванти
Чанта - подарок
Прстен - винтиџ
Обетки - одамна купени во Будимпешта


Што носите вие на крштевки? Дали ви се допаѓа мојата комбинација?

Се надевам имавте убав викенд :)

Thursday, 21 May 2015

Max factor Facefiniti 3 in 1

Здраво!

Резензијава ја подготвувам две недели, но никако не сум задоволна од фотографиите. Денес сепак одлучив да седнам, да ја напишам бидејќи е за еден навистина прекрасен производ.
Не помнам дали некогаш сум користела пудра или било каков производ од Max Factor, некако не го ни погледнував нивниот штанд затоа што не секогаш можам да си дозволам нешто од нивниот бренд, а криво би ми било ако нешто ми се допадне и не си го купам :$
За оваа пудра читав многу позитивни коментари и по некој негативен. Ми се допаднаа многу од рецензиите и мислев дека ќе ми одговара. Морам да и се заблагодарам и на една Марија која ме поттикна да ја земам. 
Потрагата по совршена нијанса ми беше кошмар и три дена се мислев која нијанса да ја земам. На крајот отидов во Cosmo и една од девојките ми помогна во изборот на нијансата. Благодарност и до неа.

Па да почнам :)



 Пудрата која толку многу ме воодушеви е Max Factor Facefiniti 3 in 1. Што значи тоа 3 во 1? Подлога, коректор и пудра во едно. Всушност пудрава би требало да го олесни секојдневието на секоја жена со тоа што ги споиле трите работи во еден производ. Дали тоа го исполнува ќе видите подолу.

 Пудрата доаѓа во стаклено шише, на кое има пумпица. Шишето кога ќе го купите има на себе заштитна фолија која ви дава сигурност дека никој пред вас не ја отварал. Редовната цена на пудрава е 820 денари, но често ја има на попуст и може за да се купи за некои 600 денари. 
Шишето има 30 милилитри производ. Пудрата има и SPF 20. 

 На нашиот пазар достапни се пет нијанси. Мојата нијанса е Golden 75, која е најтемна, но ќе видите подолу дека не  е многу темна.

 Текстурата на пудрата не е густа, воденаста е, лесна е и не се чувствува на кожа. Покривноста е средна накај висока, но може и да се надоградува, а да не изгледа валкано.

 Многу малку производ е потребен за цело лице, многу лесно се размачкува и речиси и да не се познава на кожа.
Финишот на пудрава не  е целосно мат, туку полумат, многу природно и здраво изгледа на кожата.
Бидејќи имамм многу мрсна кожа мислев дека брзо ќе блеснам, но видов дека тоа зависи од кремата која ќе ја ставам под неа. Со серумот од Balea, пудрава на моето лице издржува 6 часа, а потоа почнува да блеска Т зоната. Се задржува на лицето, не лизга и не исчезнува, а и цела шминка цел ден изгледа убаво.

 Она што особено ми се допаѓа кај пудрава што не остава траги на гардероба, при гушкање, а и трагите на мобилен се многу мали за разлика од други пудри кои сум ги користела.


 На сликите подолу можете да видите како изгледа на моето лице пред и потоа. Намерно ја фотографирав страната која ми е понафрлана. Можете да видите дека покри се, не се познаваат црвенилата, ниту флеките, а и одлично ми прилега на тенот. 


Оцена 10+/10!

Ја препорачувам на секој кој има мрсна или комнинирана кожа.

Дали сте ја користеле? Препорачајте ми друг производ од Max Factor кој ве воодушевил.


Поздрав!

Wednesday, 20 May 2015

AVON CC pearls/ Корективни бисери

Здраво!

Пред некоја недела бев присутна на првата работилница која Авон ја организираше за блогери, шминкери во Македонија.
Организацијата беше прекрасна, се беше убаво испланирано, организирано и се погрижиле сите да се чувствуваме пријатно. На крајот добивме подароци кои дополнително не расположија. Па кој не сака подароци?


 Корективните бисери и закочената четка кои можете да ги најдете и во нивниот тековен каталог се најдоа во мојата Avon ќеса.

Редовната цена на корективните бисери е 780 денари, но во тековниот каталог се 449 денари. За таа цена добивате 22 грама производ. Не успеав да најдам никаде дата на траење.

 Како што можете да забележите на фотографијата бисериве се во неколку бои, поточно пет бои. Секоја боја си има своја задача:
-зелена - го неутрализира црвенилото;
-жолта - ги неутрализира темните кругови под очите;
-виолетова - прави контрас на жолтите делови;
-праска - ги изедначува темните дамки;
-ванила - ја осветлува кожата 

 Avon велат дека можат да се користат на три начини:

-да се нанесат на чисто лице за рамномерен тен;
-нанесување над шминката како сјаен финиш;
- нанесување на јаболчниците за блескав и свеж изглед

 Бидејќи имам масно лице и нафрлано избегнувам да користам производи кои даваат сјај на лицето бидејќи така неарамнините кои ги има лицето се познаваат повеќе. Сепак бев љубопитна и ги пробав бисериве на чисто лице и не забележав ништо. Ставив крема како подлога, бидејќи мислам дека треба сепак на нешто да се задржи производот и не видов никаква разлика од голо лице и кога на него ги имав бисериве.
Над шминка не пробав да ги искористам бидејќи сум сигурна дека нема да ми се допаѓа, а и избегнувам сјај.
Мене најмногу ми се допаднаа како руменило. Од кога ќе ставам бронзер, ставам од бисериве на јаболчниците и изгледот кој го добивам е прекрасен. Бојата е многу убава и природна, има мал сјај кој воошто не  е нападен. На фотографии и поизразен, но ми се допаѓа и така. Многу убав, природен и свеж изглед се добива со нив.

Јас ги користам со четката, која исто ја има во каталогот. Редовната цена е 450 денари, но сега е на попуст, па чини 259 денари. Четката е закосена и има синтетички влакна. Многу е мека и пријатна на лице. 
Со бисериве се совршена комбинација.

Еве како изгледаат бисерите на моето лице:




Ова е мојот омилен производ од Avon.
Оцена 10/10!


Дали сте ги пробале? 


П.С. Сакам да го променам името на блогот, што мислите за тоа?

Saturday, 16 May 2015

white pants

Здраво!


Јас сум од оние личности кои сакаат да знаат што ќе прават наредна среда, петок, викенд. Така ми е полесно да функционирам, а и имам време доколку е битен настан да смислам што да носам.
Пред неколку дена се договорив со Алмира и Сара да се видиме, а нели средба не може да помине без фотографирање? :D  Комбинации низ глава ми се вртеа постојано, нешто што сум носела, а не сум ви покажала, нешто што сакам да го носам, ма што уште не. Станав вчера, отворив плакар и ги земав овие парчиња кои не беа ни во ниту еден план.
Се фотографиравме во Чаршија, а потоа со смеење и еден куп разговори продолживме во Менада.


Погледнете што носев јас, а ако ве интересира што носеа тие погледнете ги нивните блогови.
















Фармерки - Шутка
Блуза - подарок
Чанта - подарок
Чевли - Il Cammino


Ви посакувам убав и пријатен викенд.


Thursday, 14 May 2015

S-he bronzing powder

Здраво!


Бронзерот никогаш не бил дел од мојата шминка или ако бил сум го користела како руменило.
Во потрага бев и сеуште сум по бронзер кој нема да влече накај портокалово, убаво ќе се бленда и ќе биде пристојна цена.
На форум прочитав дека овој бронзер е добар, па го купив.


 Бронзерот е во пластично бело паковање, кое има проѕирен капак. Ништо посебно паковање, едноставно, не делува цврсто, ниту пак квалитетно. Но, ми падна и не се скрши.


 На паковањето има рок на употреба и се наоѓа на долниот дел. Ми се допаѓа тоа бидејќи не ми паѓа често во очи и нема да го извадам наскоро.
Цената на бронзеров е околу 230 денари, а за таа цена добивате 9 гр. производ.

 Иако барав бронзер кој нема да влече на портокалово, овој е малку, но ништо страшно, со руменило се средува. Понекогаш го мешам со сенка за очи која е кафена, па добивам некоја нијанса која е подобра за контури, оосбено кога сакам да го средам носот.

 Убаво се бленда, не е потребно многу производ за да се направи контура, а и стои на лицето се додека не го извадам. Избледува после неколку часа, но не станува целосно незабележлив.
На фотографијата имам само од него, а го нанесувам со четката која е на фотографииве. Убедена сум дека не можам да си го погодам точното место каде би требало да го нанесувам, па доколку имате предлог дали треба подолу или погоре од ова на фотографија, ве молам споделете.


Убав производ е , особено за цената. Мислам дека поубаво ќе им прилега на девојките со посветол тен.
Оцена 7/10

Кој бронзер би ми го препорачале?

Поздрав!