Friends

Saturday, 28 March 2015

Golden Rose совршена виолетова нијанса

Здраво девојки :)

Последнава сезона виолетовите нијанси се хит, особено кај шминката. Во потрага по совршена , но прифатлива за џебот комбинација, заглавив во продавничките на Golden Rose. Карминот од линијата Vision, број 125 и молив за усни, број 207 ми се видоа како одлична комбинација за мојата замисла за виолетова боја на усните.



 Карминот е многу кремаст, убаво пигментиран, со еден слој се добива убава боја. Паковањето е црна пластика, на која со букви има напишано од која линија е, но тоа многу брзо го снемува. Особено ми се допаѓа кај овој кармин што кога е затворен има проѕирен дел од кој се гледа нијансата на карминот. Трајноста не е многу голема, можеби 2 часа, но мене не ми пречи. Цената е 95 денари во нивната продавница, но по пазарите се за нијанса поефтини.

Моливчето за усни е тврдо, но лесно се нанесува. Острењето е многу лесно и воопшто не е кршливо. Бојата е убава, интензивна и трае долго време. Ги истакнува сувите делови и ја суши многу устата. Во некој пост претходно ви пишав дека нанесувам крема за очи на устата пред да ставам моливче па така немам никакви  проблеми. Цената е околу 100 денари.
 Ова е комбинацијата која ја добивам од карминот и моливчето. Мене ми е одлична, а ја добивам така што прво ја бојам устата со моливчето, а потоа ставам од карминот. Ако сакам да е поинтензивна, појака бојата ставам одозгора пак моливче.


Дали ви се допаѓа? Имате ли вие ваша совршена виолетова нијанса?

Thursday, 26 March 2015

Balea aqua серум и крема за околу очи

Здраво! 

Речиси секогаш кога договарам средба со некого, местото за наоѓање е пред ДМ. Во случај да доцнат, можам таму со уживање да го поминам времето меѓу полиците. 

За серумот на Балеа читав многу позитивни рецензии, дел на блоговите на соседиве, дел на форум. Иако имам мрсна кожа, понекогаш се пресушува, па делот помеѓу веѓите и околу усните често пати ми се перути, пука и ме боли.
Кога видов и дека има крема за околу очи од истава линија без размислување ја земав.
Ако ве интересира моето искуство со нив, продолжете да читате :)



 Паковањето е во картонска кутија, која за чудо издржа повеќе од месец дена во фиока. Двата производи се во пластични туби за кои јас немам замерка. 
 Кремата за околу очи има 15 мл. На самата кутија има декларација што содржи, за каква кожа е и како би требало да ја користите. Структурата е прилично лесна, течна, се размачкува многу лесно и брзо се впива.  Ја користам навечер, пред легнување и наутро делот околу очите ми изгледа малку посвежо. Но искрено освен тоа не забележав некое намалување на круговите, а мислам дека месец е доволен за барем некаква промена да се забележи. Ја користам и наутро и одлична ми е како подлога за коректорот, подобро се размачкува и не се собира во линиите/брчките. Наутро ја ставам и на усните, па е одлична како подлога за моливче за усни.



 Серумот има 30 мл. производ. Пакувањето е многу практично и хигиенско бидејќи е со пумпица. Иако пишува на него дека е за сува кожа, мене ми е одличен. Има воденаста структура, лесно се нанесува и брзо се впива. Потребни се две до три стискања на пумпицата за да се нанесе на цело лице и врат. Го користам и наутро и навечер и освен него не користам друго, бидејќи мислам дека ми е доволен.
Убава хидратација и дава на кожата, ја освежува убаво, тенот е поблескав и поеднаков. Одличен е и како подлога за пудра. Пудрата убаво се нанесува, а и не блеснувам како со одредени креми после брзо време од нанесувањето.



Цената на кремата за очи е околу 150 денари, а мојата оцена е 7/10. Сепак би ја купила повторно.
Цената на серумот е околу 250 денари, оцена 10/10 и би го купила повторно.


Дали ги користите, како ви се допаѓаат?

Friday, 20 March 2015

Golden Rose лакови


Сакам убави средени нокти, со фина боја на нив. Но, за лакови не сакам да давам многу пари. Лаковите на Golden Rose ми се одлични и по цена и по квалитет. Последниве неколку месеци ги носам само овие нијанси, ги вртам во круг иако една ми е омилена. 
Па да почнам по ред:

Golden Rose color expert 32- многу убава борда боја со светки. На фотографијата е со два слоја.
 Color expert 31- убава виолетова нијанса која има металик сјај, на фотографијата има еден слој на ноктот.
 Color expert 34- убава темно црвена нијанса, еден слој имам нанесено на ноктот.
 Color expert 09- преубава нежна, месо боја, нешто помеѓу крем и рзозево. Само со еден слој се добива убава боја како на фотографијата.
 Golden Rose rich color 108- убава зелено- сина нијанса. Еден слој имам на фотографијата. Кога ќе го избришам ноктот е малку потемен од вообичаено што не е случај со другата линија на лакови.

 Тајноста на лаковите е олдична. Иако по цел ден рацете ми се во вода траат по недела дена, освен ако го изгребам некаде ноктот па да се иззлупи малку лакот. Некои лакови со само еден слој даваат многу убава боја, но со некои мора да се нанесе два слоја лак. Се сушат брзо на ноктите што е одлично ако се брзате. Но, брзо се суши и лакот во шишенцето, отприлика месец и пол, два, освен последниот, мислам дека ми е прв од оваа линија кој навистина го користам, од другиот кој беше светла боја не бев воопшто задоволна.
За цена од околу 60 денари се одлични.

Оцена 10/10

Дали ги користите и која нијанса ви е омилена?

Tuesday, 17 March 2015

Alverde дневна крема со матирачки ефект

 Кога и да видам производ на кој пишува дека дава матирачки ефект веднаш го купувам. За овој производ на ДМ многу читав по блогови па едвај чекав да стигне кај нас за да го купам. Иима и пена за миење од истава линија, но бидејќи имам доволно гелови за миење се одлучив само за кремава.

Каронска кутија во која се наоѓа туба со производот. На двете сликата е иста, јаболко и лимета. Количината на производот е 50 мл, а цената е околу 150 денари.
 Си има декларација на која пишува што содржи, за каква кожа е и како да се користи.
  Паковањето е хигиенско, има капаче и отвор со некоја нормална големина од која не може да излезе премногу производ, ниту пак да се изнамачите додека да истиснете.
 Кремата е бела, по структура е погуста, но лесно се размачкува. На почеток малку го затега лицето и одма го матира. Мирисот е многу убав, но брзо исчезнува. 
За жал моето искуство со кремава не е позитивно. После кратко време од кога почнав да ја користам забележав дека се нафрлам. Цена брада и вилична коска ми се направија со митесери и поткожни мозолки. Кога правев пауза во користењето се повлекуваа, а ако пак ја користев одма се појавуваа. 
Мат изгледот речиси и да го немаше на мојата кожа, после половина час од нанесувањето. Освен што светнував после неполн половина час ипудрата како да ми се лизгаше од лицево и исчезнуваше.

Можеби на друга кожа ќе и одговара, но на мојата не, иако во моментов не е многу мрсна.

Не ја препорачувам, оцена 2/10 заради мирисот.

Sunday, 15 March 2015

Essence lipliner

Здраво!

Почнав се повеќе да ги сакам овие постови со рецензии, па повторно со таков пост. Денес на ред се моливчињата за усни од Essence, во нијансите 06 satin mauve и 08 red blush. Моливчињава ги купив од DM по 75 денари. 




Моливчињата се многу меки, па имам проблем при нивното острење. Ако имате да ми препорачате острилка би ви била благодарна бидејќи пробав со 4 што ги имам дома и многу се кршат. Бидејќи се меки нивното нанесување е многу лесно, доколку не ви се скрши врвот :D. Прилично се трајни, на усните со пиење можат да издржат до 3,4 часа, со јадење малку пократко.
 06 Satin mauve е преубава нијанса, одлична за секој ден кога сакате да ги истакнете усните, но да не бидат нападни. Совршена Кајли Џенер нијанса, но многу е тешко на фотографии да се долови бојата. Многу меко моливче и со едно острење може да ги исцртате цели усни само еднаш. Трајноста е 3,4 часа и од усните ја снемува рамномерно.




08 Red blush е многу убава црвена нијанса, која може да биде подлога за било кој црвенкаст кармин. Ме изнедади тоа што е малку поцврсто од 06, па со едно острење можев да ја избојам цела уста 3 пати.  Нијансата многу зависи и од светлото, но е таква како на фотографиите каде е само усната. Другата е постирана со цел да видите дека може да изгледа и многу поцрвено. Оваа нијанса не ја снемува рамномерно, туку само средината на усните, а на краевите е интензивна бојата исто како кога е нанесена.




Мојата оцена за овие моливчиња е 9/10 само поради тешкотиите со острењето. Ми се допаѓаат нијансите, трајноста е задоволителна, пигментираноста е одлична. Се на се за цената се одлични. Би ги купила повторно, но за жал сите нијанси слабо се наоѓаат.

Кои нијанси ги имате вие?

Thursday, 5 March 2015

sunny day in february

Одамна ме немало со дневна кобинација, па иако ни сега не сум задоволна со тоа како излегоа фотографиите сепак одлучив да ги објавам.
Ова е од 24. 02. денот кога сестра ми ја земаше дипломата од факултет. После факултет бевме на ручек, а во меѓувреме украдов неколку минути да се фотографирам.
Кошула винтиџ, црвен фустан кој го обожавам и високи чизми над колена во тегет боја. 

Имајте убава вечер :)