Friends

Tuesday, 27 January 2015

Aura Cover Me!

Новитет на нашиот пазар и во производите на Aura. Aura се почесто ме изненадува со квалитетот и пристапните цени на нивните производи. Иако порано речиси и да не погледнував накај нивните штандови, после едно руменило се почесто застанувам да видам што има ново.
За овие пудри читав на блоговите од нашите соседи и коментарите беа позитивни. Кога стигна пудрата и кај нас веднаш отидов да ја купам. 
Морам да признаам дека долго време се мислев дали да напишам рецензија за оваа пудра затоа што првичниот впечаток беше прилично лош.
Иако нијансата ми е промашена, сепак се почесто ја носам, а за покривање на тоа колку ми двои од тенот одлично ми служат марамите. :D




На нивната официјална страна пишува :
Za savršeno prekrivanje svih nedostataka na vašem licu

Hipoalergena formula koja odlično prekriva sve nepravilnosti kože uključujući tamne kolutove oko očiju, akne, pege, staračke pege, sitne ožiljke...
vodootporna formulacija, postojana do 24h! Sadrži zaštitni faktor 20 i predstavlja odličnu zaštitnu od štetnog sunčevog zračenja. Kremasta formulacija omogućava laku i ravnomernu aplikaciju za postizanje savrsenog tena. Ne zatvara pore! Za sve tipove kože. Pogodan za svakodnevnu upotrebu.
  • Vodootporan
  • Postojan do 24h
  • Ne zatvara pore
  • Hipoalergen
  • SPF 20





Кога прв пат ја купив пудрава кожата ми беше пресушена и со многу изразени суви делови. Нанесувањето на пудрата воопшто не беше лесно, а и потоа изгледот кој го добив многу ме разочара. Изразени делови, собрана на неколку места, се познаваа прсти т.е не се размачка убаво, изгледаше многу валкано.
Мислев ако ставам повторно крема над неа дека можеби поубаво ќе успеам да ја размачкам, но залудно, пудрата веќе беше "легната" на кожата, а и бидејќи е водоотпорна беше незвоможно да се поправи.

По неколку дена го купив серумот на Балеа за кој имам пишувано тука, па повторно и дадов шанса на пудрава.
Нанесувањето беше одлично, се размачка убаво, не се познаваа линии, не изгледаше валкано, не истакнуваше суви делови. 
Нанесувањето со четка е уште поубаво, поеднакво и лесно се бленда.
За пудрава е потребна добра подлога и не би се согласила со Aura дека е за сите типови на кожа. Пудрава е исклучиво за мрсна кожа, а за комбинирана со добра подлога.

Дали е постојана? Не би се согласила, по неколку часа се собира на одредени делови, значи не исчезнува од лицето, туку се собира. (После неколку часа, мијам раце и повторно ја размачкувам.) Многу ги истакнува линиите околу усните и носот, а и ако имате некоја брчка после неколку часа изгледа прилично длабока и многу поизразена.
Остава траги на гардероба и на мобилен, па мислев дека лесно ќе се отстранува. Но, погрешив пудрава е водоотпорна и тешко се мие. 



За поубаво да ја видите покривноста направив фотографии со пред и потоа. Лицето периодов ми е прилично лошо, но е одлично за да може да се види добро покривноста на пудрава.



Дали би ја препорачала пудра? Искрено не сум сигурна. Дава убава покривност, но премногу се познава, а и на лицето не издржува рамномерно повеќе од 3,4 часа без да ја поправите. Цената и е околу 400 денари. 
Оценка од мене 7/10.







јја

Wednesday, 14 January 2015

My favorite Youtube channels

Слободното време многу често го поминувам  на Youtube гледајќи видеа. Најчесто видеата се поврзани со шминка, гардероба, Get ready with me, haul, што има ново во продавниците и дрогериите.
Иако "следам" многу девојки, се почесто се фаќам како добар дел ги одминувам и застанувам само на одредени видеа.
Кога гледам видео пред се ми е многу важно девојката да е пријатна за око и да има пријатен глас.
Некои ги гледам заради работите кои можам да ги научам од нив, некои заради тоа што ми се допаѓаат како се облекуваат, а некои заради тоа што навистина даваат одлични совети.
Денес сакам да ги споделам девојките чии што видеа никогаш не ги одминувам.

Споделете и вие во коментар чиј канал го следите редовно. :)

1. Carli Bybel


2.Chriselle Lim



3.RachhLoves

                                         

4.Tati



Следува и втор дел :)

Thursday, 1 January 2015

Happy New Year!!!

Среќна Нова Година! Ви посакувам на сите пред се многу здравје, бидејќи ако го имате него ќе бидете волни за се друго. Многу убави моменти кои ќе ве исполнат во годинава, среќа, љубов, успех и парички. 

Ако годинава ми биде барем половина добра како новогодишната вечер верувам дека ќе имам убава година. 

Мојот избор на комбинација годинава за прослава е овој фустан со долги ракави од  Бутик Енџел кој се наоѓа во трговскиот центар Бисер.  Иако последнава година ретко носам потпетици на платформа, овој пат се одлучив за таков модел поради должината на фустанот, која сметам дека е идеална за мојата висина и конструкција на тело, но бара малку повисоки чевли.  Златен ѓердан и златно прстенче.
Пред неколку дена ја скратив косата, па се надевам ви се допаѓа новата фризура.

Се извинувам поради фотографиите кои  не се добри, бидејќи се во затворено и со пригушено светло, но надвор беше премногу ладно за да можам да се фотографирам.