Friends

Tuesday, 12 May 2015

The fashion tag!

Здраво!


Овој пат со поинаков пост, пост во кој ќе дознаете повеќе за мене, но на крајот ќе ве однесе и  кај блоговите на другите девојки.


1. Зошто го започна блогот?

-Блогот го започнав затоа што речиси секој ден на еден наш форум објавував фотографии од дневната гардероба. Една пријателка ми предложи да направам блог за да можат повеќе луѓе да го следат, а не само тие што се членови на тој форум.  Иако на почеток мислев дека брзо ќе ми помине желбата за блогот, еве ме четири години со уште поголема желба за пишување.


2.Каков е твојот стил?

-Моментално, а и неколку години наназад е елегантен, иако доста експериментирав, најмногу се пронаоѓам во овој стил. 


3.Која ти е модна инспирација?

-Не би рекла дека имам конкретна модна инспирација. Инспирација ми се дел од странските блогерки, Коко Шанел, Одри Хепберн, модата во 50тите и 60тите.


4. Омилен странски блог?

-Следам многу блогерки, но во овие две најмногу се пронаоѓам, можеби бидејќи и двете се прилично ниски жени, па можам да црпам инспирација од нив. 
A Keene Sense of Style и Wendy`s Lookbook се двете девојки чиј пост не пропуштам.


5.Модна инспирација од филм или серија?

-Многу ми се допаѓа стилот на Анџелина Џоли во Турист, Аманда и Викторија од серијата Revenge, девојки од Lipstick Jungle, Single Ladies и Меган од Body of proof.


6. Што носиш во моментов?

-Носам црни хеланки и црна туника.


7.Кое е твоето омилено парче облека?

- Фустан. Речиси готова комбинација, само чевли и чанта и спремен си.


8.Кое е последно парче гардероба што го купи?

-Купив еден куп гардероба во еден ден, но последни бев црвени и бели панталони/фармерки со висок струк.



9. Кое е најстарото парче облека кое го поседуваш и сеуште го носиш?

- Тексас јакна! Пред некои 13,14 години мајка ми ни купи две тексас јакни, една посветла и една потемна. Ги носиме постојано со сестра ми и се уште се во одлична состојба.



10. Кое е најскапото парче кое го имаш?

- Капут од Макпримат. Купен пред многу години од мајка ми, стоеше така во плакар, па почнавме да го носиме со сестра ми пред некои 3 години. Многу е топол, долг е и кројот е прекрасен.  Бојата е темно виолетова, лошо е излезена на фотографијата.



11. Што облекуваш која не знаеш што да носиш?

- Имам еден црн фустан кој го купив од Макпримат пред малку повеќе од година и од тогаш го носам барем еднаш неделно. Преку зима со различна боја на хулахопки и црни чизми, на лето со балетанки, салонки, прекрасен е.



12. Парче облека кое го носиш често, а луѓето околу тебе го мразат?

- Едно долго, шарено здолниште. Јас го обожавам, боите се прекрасни, материјалот е многу убав и пријатен на тело. Но, никој од моите блиски не го сака, постојано ми велат да не го носам или барем да го скратам до над колена.



13. За кое парче облека се каеш што си го купила?

- Црвено, миди здолниште. Многу ми се допадна, мислев дека убаво ќе ми прилега, но се излажав. Материјалот е многу крут, не стои убаво и не може никако да се поправи.



14. Без што не го напушташ домот?

- Без диоптерските очила и без обетки. Без обетки сум како гола, а без очилата воопшто не гледам. Без се можам, без нив не.



15. Што никогаш не би облекла?

- Панталони до под колена. Толку лошо ми стојат што се прашувам каде ми биле очите кога сум ги носела. Ќе го препишам тоа на младоста :D


16. Која боја ти е омилена?

-Црвена! Мислам дека не постои боја што ми стои подобро од црвената. Иако во плакар најмногу преовладува црната.


17. Омилен парфем?

- Пред некое време го доби сестра ми да подарок овој парфем од Бенетон. Многу е убав, свеж и траен. За жал не го пронајдов низ Скопјево, ако имате предлог за сличен или знаете каде го има ве молам напишете ми во коментар.


18. Боја на кармин која најчесто ја носиш?

-  Изминатиов период тоа се кармините на Aura во боите Guess Who и Matte Mess. Прекрасна нуд боја и виолетова.


19. Боја на лак која најчесто ја носиш?

- Golden Rose, Color expert број 10. Многу е слична бојата со карминот Guess who, па ми се одличен секојдневен пар.



20. Патики или балетанки?

- Балетанки! Не носев патики со години, сега купив едни да ми се наоѓаат :D но сепак предност им давам на балетанките затоа што повеќе одговараат на мојот стил.



За крај ги повикувам на овој таг:


Ќе бидам среќна ако овој таг го прифатат и го направат и останатите девојки.


Поздрав!

3 comments:

  1. Odlicen post! Fala ti za tagot,go prifakam i sto e mozno pobrzo istovo ke go napravam. :)
    💗

    ReplyDelete
  2. Мислам дека црвеното здолниште за кое што се каеш - прекрасно изгледа, иако ете се случило да не ти прилега како што си замислувала ;)

    Sanja's Burgundy Blog
    Sanja's Burgundy Blog on Facebook

    ReplyDelete
  3. Прекрасен пост, парфемот Бенетон е прекрасен и јас го имав многу одамна, го потрошив и повеќе не го најдов. Барав по парфимерии и дрогерии ми рекоа дека не се произведува или пак тие не го увезуваат.

    http://corleonka.blogspot.com/

    ReplyDelete