Friends

Thursday, 14 May 2015

S-he bronzing powder

Здраво!


Бронзерот никогаш не бил дел од мојата шминка или ако бил сум го користела како руменило.
Во потрага бев и сеуште сум по бронзер кој нема да влече накај портокалово, убаво ќе се бленда и ќе биде пристојна цена.
На форум прочитав дека овој бронзер е добар, па го купив.


 Бронзерот е во пластично бело паковање, кое има проѕирен капак. Ништо посебно паковање, едноставно, не делува цврсто, ниту пак квалитетно. Но, ми падна и не се скрши.


 На паковањето има рок на употреба и се наоѓа на долниот дел. Ми се допаѓа тоа бидејќи не ми паѓа често во очи и нема да го извадам наскоро.
Цената на бронзеров е околу 230 денари, а за таа цена добивате 9 гр. производ.

 Иако барав бронзер кој нема да влече на портокалово, овој е малку, но ништо страшно, со руменило се средува. Понекогаш го мешам со сенка за очи која е кафена, па добивам некоја нијанса која е подобра за контури, оосбено кога сакам да го средам носот.

 Убаво се бленда, не е потребно многу производ за да се направи контура, а и стои на лицето се додека не го извадам. Избледува после неколку часа, но не станува целосно незабележлив.
На фотографијата имам само од него, а го нанесувам со четката која е на фотографииве. Убедена сум дека не можам да си го погодам точното место каде би требало да го нанесувам, па доколку имате предлог дали треба подолу или погоре од ова на фотографија, ве молам споделете.


Убав производ е , особено за цената. Мислам дека поубаво ќе им прилега на девојките со посветол тен.
Оцена 7/10

Кој бронзер би ми го препорачале?

Поздрав!

4 comments:

  1. Јас ги користам бронзените бисери на Авон. Мноогу се добри,долго време ги користам и сум презадоволна. Цена точно незнам,моментално во каталогот се на попуст 449 денари(многу често се наоѓаат на попуст,последен пат ги земав околу 300 денари).Добиваш 22g производ.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Благодарам за препораката. Се надевам наскоро ќе ги пробам.

      Delete
  2. Го купив истиот лани на некоја акција за 99 денари и за тие пари е повеќе од одличен. Јас го нанесувам во форма на бројот 3 (слепоочници, образи и вилична коска) и мислам дека се постигнува оптимален ефект на тој начин, ни претерано баш онака пријатно како сонце да те има фатено.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Одлично што си го начекала на акција. Некако бев скептична за производите на S-he, но не се покажаа до сега лошо.

      Delete