Friends

Saturday, 28 February 2015

Essence Lash Princess mascara

Здраво! :)

Маскарава е хит во изминатиот период, па побрзав и јас да ја купам. Ја земав од ДМ и чинеше 255 денари. 
Ако ве интересира што мислам јас за маскарава и каков ефект дава на моите трепки, продолжете со читање. 



Пакувањето е многу убаво и привлечно за око. Мислам дека со оваа маскара навистина се потрудиле околу изгледот. Црна основа со розеви букви и симпатични апликации. 

Четкичката на маскарава е фина, едната страна од четкичката е подолга, другата пократка со што би можеле да ги фатиме сите трепки, па и оние најмалите. 


Формулата е течна, за мој вкус многу,  јас сакам маскари со посува формула. Мислев дека ќе почне да се суши брзо, па ќе успеам со неа да работам и да бидам задоволна од изгледот, но не се исуши иако ја користам еден месец речиси секој ден.
Мене нанесувањето ми оди прилично тешко, иако речиси никогаш не сум имала проблем со трепките. Не барам ни волумен, не барам ни боја, само сакам убаво да ми ги расчешла и да ги одвои. Бидејќи трепките ми се долги, а се многу прави секој ден ги виткам со виткач за трепки, па очекувам од маскарата барем извесно време да ги држи извиткани.
Оваа маскара им дава тежина на моите трепки, па без разлика дали користам виткач или не, тие паѓаат надолу. Ги расчешлува фино, но речиси веднаш се губи цел ефект. Бојата која ја дава не ми се допаѓа, а после час, два стануваат сива и се рони.
Можам слободно да кажам дека трепките ми се поубави без оваа маскара него со неа.


Намерно не ги расчешлав трепките со нешто друго затоа што сакав да ви го покажам ефектот кој го дава маскарава.

Мене воопшто не ми се допаѓа, не би ја купила повторно.
Но, морам да спомнам сестра ми кога ја проба беше воодушевена. Нејзините трепки се пократки, поретки и виткани се природно.


No comments:

Post a Comment