Friends

Wednesday, 29 May 2013

Lady in red

I'm short girl but i still love to wear long skirts and dresses. Red skirt, blue heels and white shirt is my choice for today.

Црвената боја е една од моите омилени (веќе познато :D ). Трендов со макси здолништата го прифатив со големо задоволство, па нормално е да поседувам и црвено здолниште. Иако поседувам од мајка ми плисирано црвено, сепак се одлулучив да имам уште едно во мојот плакар.
Веќе сте го виделе, но знаете и дека сакам парчињата да ги комбинирам на повеќе начини и во што повеќе комбинации.
Овој пат се одлучив да го искомбинирам со бела кошула и сини детали. Овие чевли ми се омилени, до сега не сум ги постирала, но толку се удобни што ги носам речиси секој втор ден.
Се обидов на фотографиите да доловам се, погледнете  =)










Saturday, 25 May 2013

white pants

Palazzo pants in white color and burgundy shirt is my choice for this night. No makeup and big smile.

За панталониве долго време се мислев дали би ми прилегале или не на мојата фигура и големина. Кога ги пробав (се разбира на штикли) знаев дека ќе ми бидат омилено парче за летово,
Опуштена комбинација со сандали на штикла, обична маичка во нив и малку накит.
Овој пат без воопшто шминка на мене.
Чантава ми е омилена, собира се во неа, па тешко ми е кога треба да префрлам во некоја помала и да одлучам што ми е потребно, што не... на крајот повторно ја земам оваа.







Sunday, 19 May 2013

colar shoes

This is my outfit for birthday party. I hope you like it.

Одамна ме немало со нова комбинација, но некако немав желба за фотографирање. Имав проблеми со лицето, премногу беше нафрлано, па избегнував шминка. За среќа малку се потсмири, но пудрата ќе стои на страна уште долго време.
Овој пат од шминка имам само туш, маскара и кармин.
Гардеробата се гледа целосно. Не ги сакам многу овие спојување на бои на чевли и чанта/сако, но пред некое време сестра ми носеше слична комбинација, па овој пат ми послужи како инспирација.

Имајте убава неделна вечер :*





Sunday, 5 May 2013

New sunglasses

This glasses is gift from my boyfriend.
Casual outfit for casual day.

Пред некоја недела си купив нови очила за сонце кои се многу слични на овие што ги носам на фотографиве. Но, кога си дојдов забележав дека се малку изгребани, па не бев сигурна колку ќе ги носам.
По некој ден момакот ме изненади со овие од фотографииве. Ме израдува многу затоа што навистина посакував ваков модел на очила.

Маичкава е асиметрична, многу удобна и пријатна за носење. Шорц кој го обожавам, а во моментов и единствен кој можам да го носам.

Имате убави празнични денови. Христос восресе!