Friends

Wednesday, 24 April 2013

casual outfit with long blue skirt

Blue long skirt, flats and jeans jacket is perfect outfit for spring casual night.

Долгите здолништа ми се омилено парче за оваа сезона. Без разлика дали со сако, тексас јакна, балетанки или штикли секогаш изгледаат убаво и женствено.
Оваа сина боја многу ми се допаѓа, па поради неа се одлучив да го купам ова здолниште. Бидејќи е со тул не бев сигурна како да го комбинирам, но мислам дека ќе успеам од него да го извадам максимумот.

Се надевам ви се допаѓа =)









Tuesday, 23 April 2013

Day and night

Flats for day and heels for night. Big purse and everything is possible.

Многу често се случува во еден ден да мора да отидеме на две различни места за кои ни е потребен поинаков изглед.
Мене ми се случува често да имам само 10 минути за да се вратам и излезам повторно, а да не знам што попрво да направам во недостиг на време.
Затоа најчесто времето го користам да се освежам, да поправам малку шминка, а промена на гардеробата правам така што ги менувам чевлите.

Вчера немав време ниту да се вратам дома, па затоа ја искористив оваа чанта во која можев да ставам се што ми беше потребно.

Како вие се справувате со недостиг на време?


                                                                                Day





                                                                             Night









Saturday, 20 April 2013

orange lipstick

I love tights with dots.
Orange lipstick is my favorite color for this season.
Black skirt, green blazer and white shirt white gold necklace.
I hope you like this outfit.

Веќе видено се, но нели неколку исти парчиња заедно, но со малку поинакви детали можат да дадат еден освежен изглед.
Зеленото сако повторно во комбинација, но сега како освежување на црно-белата комбинација.

Имајте убав викенд =)




Wednesday, 17 April 2013

Yellow necklace

New blazer and new necklace.
I`m ready for spring!

Се зголеми бројот на сакоа, им се приклучи и зелено.
На обична комбинација без многу вриштечки бои, одбрав само жолт ѓердан и златен прстен.
Ноктите во некоја неонска жолта која не се познава многу на фотографиите и еден нокт црн со светки.


Имајте убав ден =)











Friday, 12 April 2013

denim jacket

Jeans jacket, long skirt and white shirt is perfect combination for me.



Во последниве две години тексасот повторно е во тренди парчињата. Јас сум ви од оние кои го обожаваат постојано, тој е парче кое за мене не излегува од мода.
Имав тексас јакна кога бев многу мала, а потоа добивме со сестра ми две кога бев при крај на основно. Едната е светол тексас, ќе ја видите во мојата денешна комбинација, а другата е темен тексас.
Долгите здолништа се во се поголем број во мојот орман, па ништо чудно секој втор пост да ми биде со нив.
За денес се одлучив за ова, во некоја чудна минт боја, мене повеќе на светло сино ми оди, на останатите на зеленкасто, па нека биде минт.
Иако низ мисли ми се вртеше комбинацијава со розеви балетанки и бела чантичка, сепак кога го отворив плакарот со чевли посегнав по овие во две сини бои.

Носите ли вие тексас јакни?








Wednesday, 10 April 2013

white collar

Peplum blouse + skirt = perfect dress. Tights wits dots and knee high boots.

Деновиве си играм со обувките, еден ден балетанки, друг чизми, но ова е период во кој секој може да носи речиси се што сака.
Хулахопкиве со точки ги посакувам одамна, па пред недела, две ги купив, не бев баш сигурна како ќе ги комбинирам, но мислам дека оваа комбинација е совршена за нив.
Белата јака мислам дека дава одличен изгледа на целава комбинација, не сакав да одам со некој ѓердан, затоа што сакав да ги носам обетките.