Friends

Friday, 22 March 2013

black and white

Monochromatic outfit and accent color, coral shoes. White nails and romantic makeup.

Кога ја купив блузава веднаш помислив и на хеланкиве, па ми се вртеше низ мисли како готова комбинација на која треба само да додадам чевли во некоја луда боја.
Чевливе ги купив пред некоја недела, до сега ги немам облечено, па ми побараа многу од вас комбинација. Еве ја :D

Имајте убав викенд :*







Wednesday, 20 March 2013

All we need is ... new shoes



Убав ден поминат во Куманово. Другарка ми видела некои чевлички на интернет од продавница која ја има само во Куманово, па денес се качивме во автобус и правец Куманово. Таму не пречека прекрасната Александра, еве ви линк и од нејзиниот блог Fashion compilation. Не прошета низ грaдот, низ продавнички и беше трпелива со нас.
Продавницата за која што тргнавме на крај не разочара, не најдовме ништо па бевме малку разочарани што ќе се вратиме со празни раце.
За да се осигурам дека нема баш да ми се празни рацето го купив каивчето.
На крај влеговме во една продавничка, девојките кои работат таму беа многу љубезни со нас и трпеливи дур не пробавме неколку пара.
Другарка ми беше морам да признаам понапорна овој пат од мене :D
Си купивме по некој пар и накај дома.

Коралните штикли се купени пред недела од Ил Камино. Ги видов во поминување, па не можев да ги одминам и влегов. Мое бројче јухуууууу! Но, не ги пробав, решително си излегов и отидов кај момакот. Му кажав за нив, му ги покажав и на нивната ФБ страна и на крај не издржав да не отидеме. :$

Да не должам еве што купив:







Tuesday, 12 March 2013

Striped skirt

Black and white with pink. Knee high boots and big black bag.

Сакав да го носам здолништево, но немав идеја со што и како.
Брзинско спремање и тогаш идеите надоаѓаат сами. Розева кошула, високи чизми над колена, црни хулахопки, каивче на половина и црна наметка.
Не знам зошто здолништето изгледа како тегет, но црно е со бели линии.
Малку карминче, BB крема  и тоа е тоа.





Friday, 8 March 2013

new ...

Во последно време знам дека се поретко објавувам комбинации, не затоа што не излегувам или пак мислам дека не треба да ви покажам што сум носела, но го заборавам апаратот дома, а со телефон не можам да доловам што носам, особено не навечер. Долга ми се гледа реченицава :D
Во овие 8 дена од март купив повеќе нови работи, но некои се за перење, чантата ви ја покажав во минатиот пост, па еве нешто што купив вчера и подароците од љубениот.
Чизмите се долу гумени. Кога излегоа не бев сигурна дали би ги носела, не знаев како ќе ги вклопам во мојот гардеробер, но тоа мислење ме држеше се дур не ги видов овие. Долу се гумени, горе се со некој материјал налик кожа, но за тие парички не добив кожа сигурно :D
Вчера влегов во Теренова, многу ми се допадна џемперов затоа што е долг, убава е плетката и мислам дека нема да се развлече во брзо време. Иако не сум сигурна дали ќе го облечам оваа сезона, веќе е топло за него.
Здолништата најмногу ми се допаднаа и ми се баш се израдував кога видов дека има бројче за мене. Она шареното ми прави повеќе мерак и баш за вечер ми е во план за носење.
Здолништето со цветови и брошот пеперутка ми се подарок од љубениот.

Па како ви се допаѓаат? Со што вие би ги носеле?