Friends

Tuesday, 19 February 2013

new, new, new ...

Никогаш не сум сакала златен накит, особено не вистинско злато. Имам едно прстенче многу драг подарок кое го носев до пред година дена, но го изгубив камчето и дур ставам ново е во мирување. Тоа прстенче не го вадев никогаш, без разлика дали одеше или не со останатиот дел од гардеробата.
Кога почна трендов со златестиов накит гледав малку со негодување на него. Но, со тек на време дали поради преплавеноста или пак сфатив дека само имам одбивност кон бојата, па не е лошо да се поседува некое парче.
И така од некое, станаа повеќе.
Вчера прошетав низ Битпазар, кај добро познатите бугарки и најдов неколку убави парчиња, барем за мене.
Бугарките на Битпазар отприлика се наоѓаат во влезот кој е од главната улица, пред влезот за женски пазар. Или пак внатре отприлика паралелно со делот каде што се продава грав, ориз... па и домаќинка сум, не купувам само дрангулии :D

Прво го најдов првото ланче кое чинеше нешто повеќе од 250 денари, не сум сигурна баш за цената.
Другите две беа по 200 денари. Овие ѓердани како алки ги сакав, па не ги сакав затоа што сите ги носат, но секаде се над 500 денари, кога веќе го начекав за 200 греота е да го немам :$ :D
Прстенот ми беше љубов на прв поглед. Ќе го земев колку и да беше :D ама знаете дека таму прстените се од 30 до кај 100 денари. Овој беше 50 ден. 
Не знам дали со фотографиите успеав да доловам како изгледа  накитот, но очекувам коментари дали ви се допаѓа и со што вие можеби би го носеле.
Имајте убава вечер. :*
                                                        

                                                                       






Sunday, 17 February 2013

Girl on fire

Сабота и договори два. Успешно реализирани, убаво поминато време со две битни личности за мене.
Местово за фотографирање го меркам одамна, но не се нашла прилика да се фотографирам. Додека шетавме со другарка ми, видовме неколку туристи, па ајде и ние да сме туристи во градов. :D
Гледам дека чантата никаде ја нема, па се потсетив дека ја искористив како подлога за капутот. Црна, голема, ја имате видено нив постовиве.

Имајте убав ден, ве оставам со песната која ми  беше инспирација за насловот.










Friday, 15 February 2013

Red and gold

Вчера беа два празника Св. Трифун, наш православен празник, светец заштитник на лозарите и Св. Валентај, католички празник на вљубените.
Јас ги споив љубовта кон виното со друштвото на љубениот и поминав една убава вечер.
Хеланки и високи чизми над колена. Црвена проѕирна кошула под која ѕирка црн градник. Златен прстен и ѓердан. Ѓерданот го знаете од претходно, беше со големи парички, но ги извадив. Вака повеќе ми се допаѓа, не е многу нападен и мислам дека би можела почесто да го носам.
Црно сако, затоа што само по кошула сигурна сум дека ќе ми беше ладно иако носев и црн капут над се.
Носев поголема црна чанта, во која беше и ова мало пликче. Некои ситници кои ми беа потребни беа во големата чанта, сепак оваа беше онаа која беше во план за комбинацијава.
Не блеска толку, виновен е блицот.
Се сликав кога се вратив, па намерно го избегнав лицето, затоа што имав само слаби траги од шминката.