Friends

Sunday, 20 January 2013

Hair cut and new glasses

Косата ми беше многу долга, подолга и од половина. Бидејќи е кадрава, не се забележуваше многу, а и постојано ја носам собрана. Пред некое време ја исправив и сфатив дека повеќе нема никаква форма. Па зошто ми е долга коса која изгледа неуредно?
Отидов на фризер, фризерката ја познавам цел живот и знае дека си имаме проблеми кога станува збор за кратење на косата :D
Сега кога и реков да скрати повеќе од 5,6 см. па и степен да направи се изненади.
Кога го погледнав крајниот резултат, морам да признаам дека бев малку разочарана. За мене беше прекратко, иако сум била со многу ама баш многу кратка коса.
Тек па кога ја измив дома и се навитка имаше што да видам. Ме утешија дека е како од 60тите, па добро и не  е така лошо. :D

Ги помните моите црвени очила, иако ретко ме гледате со нив. Но, диоптерот ми се зголемил прилично многу, па морав да менувам стакла. Кога веќе морам да сменам, зошто да не купам нови очила?
Очила носам повеќе од 15,6 години. На почетокот купував рамки од оптики, но од кога почнав да носам леќи, рамките почнав да ги купувам од пазар. Има фини рамки, со прифатливи цени, па и кога не се за секој ден, зошто да фрлам повеќе пари?
Пробав неколку рамки, но овие некако најмногу ми се допаднаа тогаш. Од сега решив да не пробувам рамки без леќите на мене бидејќи со мојата диоптрија не можам без нив да видам како ми стојат рамките.
Ги купив и наредниот ден кога ги пробав со диоптер, искрено се разочарав. Малку се потесни од сите кои претходно сум ги носела.
Но, и не се така лоши, ќе поминат кога ќе ме мрзи да си брцкам во око.

Еве некое сликиче, како ви се допаѓа пократкава коса и новите очила?







Thursday, 3 January 2013

Gold necklace

Среќна Нова! Ви посакувам оваа година успех на секое поле. Многу среќа, здравје, љубов и парички.

Новогодишната комбинација не ја постирам затоа што веќе ја знаете. Го носев црвениот чипкан фустан, на потполно ист начин.

Ѓерданов ми е еден од омилените, но потешко ми оди комбинирањето.
Комбинацијава знам дека потсетува на онаа подолу насловена како Brown necklace, но не е истото здолниште, ова е тесно.